Манекенката Благица Мицова се омажи со братот на министерот Спиро Ристовски, Виктор. По неколку годишна врска Благица денеска го кажа судбоносното „ДА“ на својот избраник.

Според фотографии на Фејсбук, таа е во блажена состојба.

Неготинчанката Мицова е позната по тоа што долго време беше во врска со нашата музичка ѕвезда Проески. Долго време по смртта на пејачот, Благица го посетуваше семејството на Проески во Крушево. Беше добро прифатена од родители на Тоше.

Никогаш, не прозборе за нивната љубов иако јавна тајна беше дека и кога не беа заедно, сепак беа во некаква врска.

Коментари

comments