(Галерија) Француска вила на Алпите се грее на македонските радијатори „Завар дизајн“

Компанијата Завар дизајн, која се занимава со дизајнирани радијатори полека но сигурно го освојува францускиот пазар.Во оваа насока, периодов изработуваат радијатор кој е custom made и е направен за потребите на еден showroom во Париз.Станува збор за соработка меѓу нив и македонскиот дизајнер Марјан Денков кој живее и работи во Париз.

„Се работи за брзорастечки бренд на македонскиот selfmade дизајнер Марјан Денков.Тој ќе ги продава радијаторите на Завар дизјан во Париз, а ние неговите во Македонија. Ќе имаме негов мебел изложен во нашиот нов салон што го правиме во Скопје,“ вели за еМагазин, Марта Наумовска Грнарова, менаџер и креативен директор на „Завар дизајн“.

Радијаторите на „Завар дизајн“ кои се вистинска уметност, не се пробиваат за првпат на францускиот пазар. Компанијата, самостојно има реализирано проект со изработка на 11 радијатори за во вила на француските Алпи.

Компанијата постои повеќе од 25 години и нејзина главна дејност е производство на инокс и опрема од инокс. Пред десетина години, сопствениците размислувале како на нивните производи да им дадат додадена вредност. Така се родила идејата за производство на дизајнирани радијатори, производ кој го нема на Балканот и успешно ги извезуваат на странските пазари.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Силвана Жежовa

Долгогодишен и дипломиран новинар, кој за одредени состојби во општеството сака да пишува на начин како што Менталист разрешува мистерии.

Најчитани вести