Бенчмарк

Европската комисија нема да го казни „Газпром“

По три години истрага за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа од страна на рускиот гигант „Газпром“, Европската комисија сепак одлучи да не ја казнува компанијата, но не ја исклучува оваа можност доколку во иднина таа го прекрши договорот.

Сите детали за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија: Заев освен со Ципрас ќе се сретне и со Меркел и Макрон

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти е тема на Самитот на Европската унија за Западен Балкан, кој ќе се одржи утре во Софија, а на кој ќе присустува македонска владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев. 

За влез во Шенген од Балканот ќе биде потребна дозвола и такса од седум евра

Дозвола за влез во Шенген зоната државјани од Западен Балкан ќе мора да побараат во иднина преку интернет без разлика што не им е потребна виза. Освен тоа, тие ќе треба да платат и такса од седум евра што е дел од мерки што Европската унија ги воведува за поголем надзор на надворешните граници, одлучија амбасадорите на Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел. По поднесување барање, граѓаните од Западен Балкан во рок од четири дена ќе добијат одговор, односно 96 часа откако во системот ќе се обработи барањето, ако треба дополнитела проверка.

ЕБОР ќе финансира прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите

ЕБОР започнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање на енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), која ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

Габриел: Цените на роамингот се превисоки, нивното намалување ќе биде соопштено идниот месец

Во рамките на Дигиталниот самит кој денеска и утре се одржува во Скопје, ќе биде изработена дигиталната агенда за Западен Балкан која ќе биде презентирана на самитот во мај во Софија.Тогаш се очекува еврокомесарката Мариа Габриел да го соопшти намалувањето на цените на роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан, но и кон земјите-членки на ЕУ.

Трговската војна помеѓу САД и Кина може лошо да влијае на европската економија

Трговската војна може да биде лоша вест, бидејќи може да доведе до негативен економски раст заради зголемување на увозните цени, а со тоа и на куповната моќ на граѓаните. Ова денеска го изјави, гувернерот на Централната банка на Белгија , Јан Сметс кој гостуваше на Седмата истражувачка конференција во Охрид, организирана од Народна банка.

По закрепнување на економијата во еврозоната, се очекува зголемување на каматните стапки

Сите ние треба да им кажеме добредојде на повисоките каматни стапки, најави Бас Бекер од регионалната канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд за Централна и Источна Европа на прес-конференцијата во Охрид за време на одржувањето на седмата годишна истражувачка конференција на Народната банка на Македонија.

Загриженост во ЕЦБ: Трговската војна закана врз стабилноста на европската економија?

Членовите на Советот на Европската централна банка, при својот мартовски состанок, дискутирале за опасноста од американскиот трговски протекционизам, како и за запирањето на програмата на директно инвестирање во европските берзи.

ЕК: Фејсбук нелегално споделил податоци на 2,7 милиони корисници со „Кембриџ аналитика“

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова синоќа доби потврда од Фејсбук дека податоците на 2,7 милиони европски корисници на социјалната мрежа биле споделени со „Кембриџ аналитика“.

Во Холандија просечната цена на хектар изнесува 63.000 евра

​Најголемата просечна цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2016 година е постигната во Холандија, речиси 63 илјади евра, додека во Хрватска изнесува 2.809 евра или 22,5 пати помалку, покажуваат последните податоци на Евростат.