Бенчмарк

Препорака: Сите европски авиопревозници да воведат правило „двајца во кабина“

Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да воведат правило за постојано присуство на две лица во пилотската кабина за време на летот. Препораката беше најавена по несреќата во француските Алпи на авионот на германскиот превозник „Џерман вингс“

Паднаа квотите: Од 1 арил Европејците ќе може да произведуваат млеко колку сакаат

Функционирањето на режим на квоти за млеко и млечни производи во Европската унија истекува на 31 март 2015 година, соопшти Европската комисија.Воведен за прв пат во 1984 година, кога производството во ЕУ значително ја надминува побарувачката, режимот на квоти е меѓу инструментите за надминување на овие структурни вишоци.

Од ЕУ за инфраструктура во Западен Балкан 1 милијарда евра

Европската унија ќе оддели една милијарда евра за унапредување на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан, најави во Приштина еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на министерската конференција за Западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“. 
 

Пристап до пари: Објавен јавен повик за ИПАРД, се нуди и помош за аплицирање

Објавен е јавен повик за доставување барања за користење ИПАРД средства, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Огласот ќе трае до 5 мај 2015 година. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на ЕУ стандардите

Британскиот премиер Дејвид Камерон вети референдум за членувањето во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е подготвен да разговара за „невозможната мисија“ за промена на европскиот договор, којашто би одговарала на повиците од британскиот премиер Дејвид Камерон на радикални реформи на унијата од 28 европски држави. 

Меркел: Европа не смее да биде поразена од грчката криза

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа не смее да дозволи да биде поразена во обид да најде решение за кризата во Грција. Таа тоа го изјави неколку часа пред почетокот на дводневниот самит на ЕУ, на кој Грција најверојатно ќе биде главна тема. Ангела Меркел во германскиот Бундестаг рече дека апсолутно е јасно дека никој не очекува решението за кризата во Грција да се најде денес

„Еуростат“: Скандинавските држави најсреќни во Европа

Европската статистичка служба „Еуростат“ по повод денешниот Меѓународен ден на среќата, објави истражување за тоа колку се среќни и задоволни од животот луѓето во Европа, пишува весникот „Соар“ и „ЕуроАктив“.

Кои европски работници имаат најмногу работни часови

Народот на Грција кој фигуративно кажано се заглавени од доверителите на еврозоната, посебно кога на чело на државата застана Сириза и веднаш се спротивстави на наметнатите мерки за штедење, според истражување кое го објави британски Индепендент има најмногу работни часови. 

Баер: Имаме вина, но се што се случува не може да и се припише на ЕУ

Внатрешната ситуација со која се соочува Македонија во моментот го одложува и уназадува процесот на интегрирање на земјата во ЕУ. Се чувствуваме виновни што не одговоривме на вистинскиот начин на препораките на ЕП и на ЕК, но не мислам дека се што се случува овде треба да и се припише на ЕУ, изјави денеска австрискиот амбасадор Томас Михаел Баер.

Сите не сакаат внатре: Исланд ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ

Исланд соопшти дека ја повлекува кандидатурата за членство во ЕУ. Тоа се случи две години по доаѓањето на власт на десноцентристичката евроскептична влада, која вети дека ќе го прекине процесот на присоединување кон ЕУ, што започна во 2009. Министерот за надворешни работи Гунар Браги Свејнсон за таа одлука ја известил Летонија, која е ротационен претседател на ЕУ и која ја информирала Европската комисија.