Бенчмарк

Мапа разбуди стари духови по Европа

На социјалната мрежа Reddit веќе неколку дена кружи мапа, на која се прикажани вторите најголеми нации на секоја европска земја. Мапата е полна со неточни податоци, пишува Блиц. „Ситните“ грешки не ги приметил ни бившиот премиер на Шведска, Карл Билт, кој ја сподели оваа мапа на Твитер со коментар „интересно“

Спротивставени мислења за програмата за печатење на пари на ЕЦБ

Водечките економисти уште при донесувањето на одлуката кон крајот на јануари годинава, изнесоа спротивставени мислења околу планот на Европската централна банка (ЕЦБ) за откуп на државни обврзници. Поранешниот гувернер на германската централна „Бундес банка“, Аксел Вебер смета дека Европа ја „прокоцкала“ тригодишната шанса за спроведување на неопходните реформи.

ЕЦБ почнува да печати пари

Во обид да се стимулира економскиот раст и да се подигне инфлацијата во еврозоната, Европската централна банка на 22 јануари донесе одлука за купување на државни обврзници од своите презадолжени земји-членки така што по примерот на американската централна банка (ФЕД), ќе обезбеди пари за тоа купување со фиксна каматна стапка.

ЕУ ќе прави војска за одбрана од Русија?

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, повикал на формирање војска на ЕУ во контекст на зголемувањето на тензиите со Русија. Во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ Јункер изјавил дека таквата војска би можела да помогне во борбата против новите закани надвор од границите на европскиот блок и во одбраната на „европските вредности“.

Средношколци од цела Македонија ја симулираа работата на Европските Парламентарци

На симулацијата, сите учесници претставувајќи различна земја членка на ЕУ разговараа за теми кои се мошне актуелни  во моментов за Европската Унија, но и за Македонија како земја со кандидатски статус за членство во Унијата. Во текот на симулацијата учениците држеа говори, дебатираа и пишуваа резолуции.
 

Највисока е минималната плата во Луксембург, најниска во Романија

Највисоката минимална плата во Европската унија е во Луксембург – 1923 евра месечно за неквалификуваните работници и 2308 евра – за луѓе со квалификации. Од податоците се гледа дека во повеќето долги минимални одмори можат да уживаат вработените во Австрија, Италија и Финска – 30 дена годишно.

 

Политиката на штедење во ЕУ ја разгори сиромаштијата

Политиката на економско штедење преземена во Европската унија како одговор на економската криза, има разурнувачки ефект за сиромашните. На тоа предупредува европската мрежа од католички организации Каритас Европа. Тие објавија извештај во кој се вели дека економските мерки за штедење не ја решиле кризата. 

БДП на еврозоната со неочекуван раст од 0,3% во последниот квартал лани

БДП на еврозоната во последните три месеци во 2014 година порасна над очекуваното, како резултат на забрзаното стопанство во Германија. Според прелиминарните податоци на Евростат, БДП на еврозоната во четвртото ланско тромесечје, на квартално ниво порасна 0,3 отсто, по падот од 0,2 отсто од претходниот квартал.

ЕУ загубила 21 милијарда евра од санкциите спрема Русија

Санкциите воведени од Европската унија спрема Русија имаат значителна цена со пропуштени шанси за европски извоз во вредност од 21 милијарда евра, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи.

Кризата ги смени навиките на Европјаните

Финансиската состојба се влошила кај дури 52 отсто од Европјани, од 2009 година наваму. Истражувањата покажале дека од почетокот на 2009 година до денеска, европските граѓани ја намалиле потрошувачката, а се почесто при купувањето ги споредуваат цените на различни производители и „се ценкаат“ за поевтино.