Бенчмарк

Германски министер вели дека постои закана од европска дезинтеграција

Излегувањето на Грција од еврозоната може да доведе до незамисливи последици, изјави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија и енергетика Зигмар Габриел. Излегувањето на Грција од монетарниот фонд би бил фатален сигнал, изјави тој за време на собирот на Германската социјалдемократска партија во Берлин“, пренесува ТАСС.

Европа потрошила 13 милијарди евра за одбрана од мигрантите, а мигрантите 16 милијарди за да дојдат до Европа

Наспроти бранот на мигранти, кои се подготвени да ги загубат и нивните животи за да влезат во ЕУ, ценета која се плаќа во човечки животи е висока

Шенген зоната наполни 30 години

Во луксембуршкото гратче Шенген денеска во присуство на највисоки претставници на ЕУ свечено е прославена 30-годишнината од потпишувањето на договорот со кој се укинати граничните контроли меѓу 26 од 28 земји-членки на Унијата. - Шенгенскиот договор ја измени историјата на целиот европски континент- изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, споредувајќи го значењето на Договорот со падот на Берлинскиот ѕид. Воспоставувањето Шенген зона тој го оценува како почеток на процесот кој ќе заврши со бришење на политичките, социјалните и културните бариери во ЕУ.

Европскиот парламент ги замрзна односите со Русија

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц соопшти дека се прекинуваат активностите на Комисијата за парламентарна соработка ЕУ-Русија, како и дека се ограничува пристапот до ЕП на амбасадорот на Руската федерација во Брисел и на уште еден руски дипломат. Според Шулц рускиот амбасадор и дипломатот нема да имаат слободен пристап до ЕП, како досега. 

Пет милиони евра од ЕУ за слобода на медиумите

Европската Унија преку проекти ќе даде пет милиони евра за слобода на медиумите во Македонија.Проектот го претстави Мартин Клауцке, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија. Тој рече дека станува збор за твининг проект со Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги за слобода на изразување и поддршка на медиумските реформи. 

ЕУ стави рампа: Мултинационалните компании ќе плаќаат поголем данок на добивка

Европската комисија предложи план на нови даночни мерки кои со кои сака да го ограничи просторот на мултинационалните компании за намалување на даночните обврски преку “креативно сметководство”. Комисијата се подготвува целосниот план на новите мерки во даночната политика да го претстави на 17 јуни., Нацрт законот треба да биде готов до крајот на неделава. 

Иницијатива за легализација на истополови бракови и во Германија: Време е госпоѓо Меркел

Откако Ирска преку референдум дозволи легализација на истополови бракови кои ќе ги имаат исти права како и браковите со различен пол германската „Зелена партија“ најави слична иницијатива. Зелените побараа од германската канцеларка Меркел да дозволи истополови полови бракови во земјата.

 

Премиерот на Луксембург се венча со партнерот

Премиерот на Луксембург Ксаве Бател се венчава со својот партнер, една година откако парламентот на оваа претежно католичка земја одобри истополови бракови. Бетел изјави дека сака приватна венчавка, а на „твитер“ објави заедничка фотографија со партнерот, Белгијецот Готје Дестан. Прва хомосексуална венчавка меѓу лидерите во Европа имаше премиерката на Исланд во 2010 година.

Политика или заштита на пазарот: По Гугл, ЕУ го обвини и Газпром за монополизам

Европската унија го обвини рускиот гасен гигант “Газпром” за злоупотреба на доминантна положба на енергетскиот пазар.Европската комисија официјално започна истрага на бизнис практиките на “Газпром” во некои источни и јужни европски земји во 2012 година. Брисел објави дека се сомнева во руската компанија за злоупотреба на доминантна позиција во однос на испораката на гас за овие држави.“Газпром” е најголемиот надворешен снабдувач на природен гас за ЕУ. 

Над 2 милиони евра од ЕУ за вработување на млади лица

Со над два милиони евра преку обуки и практиканство, во наредниот период ќе се поддржат младите лица до 29 години, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, со цел полесно вработување. Средствата се обезбедени од ИПА-програмата на Европската унија за реализација на проектот „Поддршка за вработување млади лица, долгорочно невработени и жени“, кој беше промовиран во Скопје.