Бенчмарк

Кризата ги смени навиките на Европјаните

Финансиската состојба се влошила кај дури 52 отсто од Европјани, од 2009 година наваму. Истражувањата покажале дека од почетокот на 2009 година до денеска, европските граѓани ја намалиле потрошувачката, а се почесто при купувањето ги споредуваат цените на различни производители и „се ценкаат“ за поевтино.

Германија се заврте против еврото?

Поддршката на Германија за заедничката европска валута е во загрижувачки пад поради кризата во Грција и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да купи обврзници од земјите на еврозоната вредни една милијарда евра, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.Германските политичари, економистите и медиумите бурно реагираа на одлуката на ЕЦБ да започне со купувањето на обврзници со цел придвижување на ултра ниската инфлација

Трилионскиот монопол

Одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да откупува државни обврзници за огромни суми е уставно предавство кон еврото. Банката во опасност ја става валутната стабилност, создава шпекулативни балони, ја уништува политичката култура, и ги засилува позициите на десните популисти

Дури 40,1 проценти од Италијаните сакаат Италија да ја напушти еврозоната

Во Италија расте отпорот кон заедничката европска валута, а според најновите анкети 40,1 проценти од Италијаните сакаат Италија да ја напушти еврозоната, во однос на почетокот на 2014 година кога тогашните анкети покажуваа дека тоа го сакале само 25,7 процени од населението

Најмала невработеност има Австрија, Белгијците рекордери во рециклирање, а Бугарите имаат најевтна струја

Веб порталот Thrillist.com објави интересна и корисна статистика за тоа што во секоја членка од 28. земји на ЕУ е најдобро. Сите од нив се шампиони во нешто, дали се работи за најмала стапка на невработеност, најевтина електрична енергија или пак жителите на таа земја се најголеми оптимисти.

Евростат: Над 2,7 милијарди ноќевања во земјите на ЕУ во 2014 година

Бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети во земјите-членки на Европската унија лаби достигна нов рекорд од околу 2,7 милијарди, што е зголемување за 1,7 проценти во споредба со 2013 година, објави Европската канцеларија за статистика (Евростат)

На автопатиштата во ЕУ ќе се воведе единствена патарина

На автопатиштата во Европската унија би можело да се воведе единствена патарина, со што ќе се елиминираат можностите од судир, поради воведување на истите во Германија, е соопштено по состанокот на европскиот комесар за транспорт Виолета Булц, со германскиот министер за транспорт, Александар Добриндт во Берлин.

Дали Унијата полека умира: Само 35% од Европјаните и дават подршка на ЕУ

Европа ја тресе бран на разочараност и огорченост спрема Европската Унија и политиката која моментално се пропагира. Ваквото тврдење се потврдува и со малиот процент на Европјани кои ја дале својата поддршка на оваа институција

Јункер: Со новата влада во Грција ќе разговараме за сите отворени прашања

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред почетокот на денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел, честитајќи ја победата на крајно-левичарската партија СИРИЗА во Грција, соопшти дека обврска на Еврокомисијата е да соработува со било-која власт во земјите-членки на Европската унија, без разлика на нивните ставови.

Европа се менува - популистите се политичка алтернатива

Европа политички се менува. Се повеќе и повеќе земји во кои има две големи партии ја губат популарноста. На гласачите им е доста од слични политики. Алтернатива наоѓаат во популистите - оние кои ја пропагираат борбата за "малиот човек ", за неговата благосостојба и безбедност.