Бенчмарк

Меркел: ЕУ ќе преживее и без Велика Британија

Германската канцеларка Меркел денеска и порача на Велика Британија дека во текот на преговорите за напуштање на ЕУ нема да биде во можност да избира кои европски привилегии може да ги користи а кои да го отфрли.

Могерини: Целта и постоењето на ЕУ се доведени во прашање

Целта па дури и постоењето на нашата Европска Унија се доведени во прашање, наведе високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во Глобалната стратегија на ЕУ  доставена до државите членки пред состанокот на Советот на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Шулц до Британците: До вторник имате рок да поднесете барање за развод

По британскиот реферндум на кој гласачите се изјаснија за напуштање на ЕУ, Европскиот парламент и неговиот претседател Мартин Шулц сакаат да ја започнат процедурата на разделба што побрзо.

Британскиот еврокомесар Џонатан Хил поднесе оставка

Претставникот на Велика Британија во Европската комисија, Џонатан Хил, кој е одговорен за финансиската стабилност, услуги и капиталните пазари, денеска објави дека поднесува оставка по референдумот во неговата земја за напуштање на ЕУ.

Земјите основачи на ЕУ: Не се откажуваме од Унијата

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, кој е домаќин на неговите колеги од шесте земји основачи на Европската унија, денеска од Берлин порача дека Унијата е огромен успех во одржување на мирот и стабилноста на континентот поради што основачите нема да се откажат од проектот кој донесе најдолг период на мир во историјата на Европа.

Европската Унија побара побрз излез на Британија од Унијата

​Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), која е најголема сила на политичкиот спектар во Европа и најбројна во Европскиот парамент, Жозеф Дол, по повод исходот од референдумот за излез на Велика Британија од Европската унија, порача дека ЕПП „ќе ги брани правата на граѓаните на ЕУ што живеат во Велика Британија“.

ЕУ подготвена за Брегзит: Вонредна средба на лидерите на ЕУ

Лидерите на ЕУ денеска одржуваат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија, на кој Британците се изјаснија за напуштање на Унијата.

Бугарија и други шест земји, не ги исполнуваат критериумите за еврозоната

Бугарија и другите шест земји, кои се кандидати за пристапување кон еврозоната, не ги исполнуваат условите за членство, пишува во соопштението на Европската централна банка, пренесува бугарскиот весник „Труд“. - Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска ги исполнуваат повеќето од економските 

Пораст на евроскпетицизмот во земјите-членки на ЕУ

Евроскептицизмот продолжува да расте меѓу жителите на земјите членки на ЕУ, покажува истражувањето што кон крајот на април и почетокот на мај, го спорвела француската агенција ТНС. Анкетата е спроведена во десет земји од Унијата, кои сочинуваат 80 отсто од популацијата на ЕУ и остваруваат 82 отсто од европскиот БДП.

Г7: Светот да се подготви за Брекзит

Светот мора да биде подготвен за излегување на Велика Британија од Европската унија, доколку тоа на референдумот во јуни го одлучат нејзините граѓани, оценија министрите за финансии и гувернери на централните банки на членките на Групата седум наразвиени држави во светот.