еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Брас Брадерс, Тајзи, С.А.Р.С со концерт во Скопје на 8 јуни

Со концерт на македонски и српски изведувачи во сабота на 8 јуни на стадионот на АРМ во Скопје почнува музичката ноќ на фестивалот Скопје се лади – три концерти во една ноќ.

Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук.

За загревање на атмосферата ќе се погрижат момците од бендот Брас Брадерс кои ќе ја вжештат атмосферата со нивните брас инструменти и со нивните хитови кои одлично поминаа кај македонската публика.

Миленикот на повеќе генерации раперот Тајзи после неколку феноменални концерти низ Македонија , ќе настапи со неговите најголеми хитови на кои сите пејат и танцуваат.

И како круна на оваа незаборавна вечер со 90 минутен концерт ќе настапат извонредните српски изведувачи С.А.Р.С. со добро познатите хитови кои рушат рекорди на Јутјуб, песните: Буџав Лебац, Лутка, Ракија, Перспектива и многу други.

Билетите може да се набават во Kupi Karti Za Se и на 44event.mk

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

73,3% од починатите од Ковид-19 имаат претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест

Редакција

На „Европскиот фронт“ на ДУИ се приклучи и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија

Редакција

(Видео) Пендаровски во Њујорк ја одликуваше со орден Организацијата на ОН за подршката по скопскиот земјотрес

Редакција