Вино

Декември 4, 2017 Вино Никола Осило

Винарската визба „Тиквеш“ ја зголеми добивката

Винарската визба „Тиквеш“ во периодот јануари-септември годинава оствари добивка од 27,5 милиони денари, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 22,4 милиони денари, покажува консолидираниот биланс на успех на компанијата објавен преку Македонската берза

 

Ноември 6, 2017 Вино Никола Осило

„Сковин“ ја намали загубата

Винарската визба „Сковин“ во периодот јануари-септември, годинава оствари загуба од 35,6 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога загубата на компанијата изнесувала 88,4 милиони денари, покажува Билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

 

Македонското вино промовирано во Данска

Седум винарски визби ги презентираат своите вина во Копенхаген пред дистибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани  и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи.

(ФОТО) Бизнис елитата од регионот на Wine & Dine со Тиквеш

По динамичниот прв работен ден од 6-та регионална економска средба Самит 100 во Скопје, регионалната бизнис елита уживаше во Wine & Dine настанот во организација на ВВ „Тиквеш“

Продолжуваат протестите пред „Повардарие“ поради неплатено грозје

Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.

Октомври 13, 2017 Вино Камелија Делија

Протест пред „Повардарие“ поради неисплатени обврски кон лозарите

Лозари денеска протестираа пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата. 

Нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ во Австрија и Азија

Вината на „Тиквеш“ донесоа нови успеси од два светски натпревари. Трите вина на Винарската визба „Тиквеш“ кои учествуваа на реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge – Vienna 2017, освоија медали. 

(Фото) Врвно гастрономско уживање со специјалитети и вината од специјалната серија Private reserve на винаријата „Стоби“

Гастрономски специјалитети приготвени од реномираниот шеф Влатко Огненовски во комбинација со врвните вина од специјалната серија „Приватна резерва“ (Private reserve) на винаријата „Стоби“ ќе бидат во центарот на вниманието на македонската јавност во следнот период.

Септември 19, 2017 Вино Камелија Делија

Почнува „Вино Скоп 2017“

На плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ утре почнува фестивалот на виното „Вино Скоп 2017“ на кој ќе се претстават десетина македонски винарии на чии штандови посетителите по промотивни цени ќе можат да дегустираат повеќе видови вина и македонски деликатеси.

Септември 13, 2017 Вино Никола Осило

Катастрофален пад на родот: Винарниците по улица ги ловат лозарите за да им го купат грозјето

За околу 70 отсто е намален родот на лозјата поради зимското и пролетното мрзнење, информираше денеска лидерот на лозарите Љупчо Аризанов. Годинешниот род го проценува на околу 60 милиони килограми грозје, за разлика од минатата година кога имало преку 200 милиони.