Вино

Лозарите и винарите се договорија околу откупните цени и начинот на плаќање на грозјето

Лозарите и винарите се договорија околу цената на винското грозје со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Остануваат ланските цени, или 11 денари за смедеревка и 13 денари за кратошија.

Убавините на Македонија низ приказната на Езимит вино

Едновремено со одбележувањето на 25 годишнината, Езимит на јавноста и понуди нов изглед на веб страната, а ги обнови и збогати своите профили на социјалните медиуми.

Игор Илиевски за„Еуроменаџер“: „Тиквеш“ прераснува во светски бренд

Директорот на винарницата „Тиквеш“, Игор Илиевски, во интервју за босанскиот „Еуроменаџер“, вели дека компанијата инвестира во технологија, опрема и луѓе. Моментно врвните вина на „Тиквеш“ се продаваат во 30 држави, што зафаќа околу 60 отсто од годишното производство. 

Повардарие и Гарланд Агрофуд избришани од регистарот на производители на вино

Винарските визби Повардарие и Гарланд Агрофуд кои се уште им немаат платено на лозарите за гројзето од ланската реколта, се избришани од регистарот на производители на вино, а за повторно добивање лиценца, освен што ќе треба да ги подмират обврските кон лозарите

Почна Тиквешка винска регата

По течението на реката Вардар, викендов во тек е четвртата по ред „Тиквешка винска регата", во организација на Здружението за развој и промоција на винската култура и производите од грозје, „Винотек" од Кавадарци. 

За да се произведе вино со висока вредност за здравјето неопходни се врвна технологија и знаење

Научно е докажано дека врвните вина имаат висока антиоксидантна активност. Некои од нив имаат рекордно високи концентрации на органски соединенија кои имаат благородно дејство врз здравјето на луѓето. Винарската визба „Тиквеш“ постојано вложува во технологија и знаење за производство на вакви вина.

Гранд Куве“ на „Домен Лепово“ прогласено за светски шампион меѓу црвените вина

Македонското вино „Гранд Куве“ на бутик винарницата „Домен Лепово“ од бербата 2013, го потврди своето високо реноме понесувајќи ја титулата “светски шампион” во категоријата црвени суви вина на 58-от меѓународен вински натпревар „Вино Љубљана 2016“.

Зошто квалитетното вино е подобро за здравјето?

Присуството на состојки во виното кои се корисни за човековото здравје благодарение на нивната антиоксидантна улога, е докажано од многу научни истражувања. 

Вината на „Тиквеш“ со 13 награди и признанија на „Декантер“

Сите вина на „Тиквеш“ пријавени на најмасовниот светски вински натпревар „Декантер“ во Лондон освоија награди. Од вкупно 16.000 пријавени вина од целиот свет, винарската визба „Тиквеш“ освои вкупно 13 награди, од кои 7 бронзени медали и 6 признанија.    

 

Три медали за винаријата „Стоби“ на престижниот светски натпревар „Декантер“

Македонската винарија „Стоби“ освои три бронзени медали, a две вина го добија знакот „препорачано“ на еден од најголемите и највлијателните светски вински натпревари „Декантер“.