Вино

Македонија меѓу петте врвни светски дестинации за љубителите на вино

Специјализираната интернет страница за вино и храна, foodandwine.com ја смести Македонија меѓу петте топ светски дестинации за квалитетно вино, што вљубениците на квалитетно вино и храна мора да ги посетат.

Винариите бараат лабораторија за генетско испитување автохтони сорти винова лоза

Невладиниот сектор од Кавадарци бара лабораторија за генетско испитување автохтони сорти винова лоза и други растенија.Ваквиот предлог Фондацијата „Тиквешки вински пат“ го изнела на состанок со државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.

Како жените го чуствуваат виното

Одамна е утврдено дека односот на жените кон виното е различен од оној на мажите. Но не се работи за просто женски или за машки вина, туку за психолошки однос кон овој пијалак. Ако имињата женско вино ве асоцираат на некое декоративно шише со исцртани траги на кармин и со златни орнаменти во кои се крие ароматична слатка напивка со сомнителен квалитет, можеби ќе ве изненади начинот на кој некои производители се обидуваат да се приближат кон жените-потрошувачи.

Како да направите греено вино

Греено вино е одличен пијалак за да се згреете и расположите во студените есенски и зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете и да не се напиете уште една голтка.

Февруари 24, 2015 Вино Петре Димитров

Во Македонија се регистрирани 84 винарски визби

Под лозови насади се 25.000 хектари, а годишното производство на вино е 90 до 120 милиони литри. Веднаш по тутунот, виното е најизвезуван македонски производ. Лани се извезени 791.000 хектолитри од кои околу 66 отсто на европскиот пазар. 

Февруари 24, 2015 Вино Петре Димитров

Италијанска технологија во македонската винска индустрија

Македонија да ги искористи предностите на италијанската технологија за поголемо, подобро и поквалитетно производство на вино, порачаа учесници на денешната конференција што ја организира Агенцијата за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Италија во земјава.

Февруари 15, 2015 Вино
Силвана Жежова

Половина милион евра буџет за претставување на македонскотo вино надвор

Годинава за претставување на македонското вино надвор се планирани 500 илјади евра, а ќе се пласира на пазарите на ЕУ, Русија, Кина и САД. Ова го истакна министерот за земјоделие Миахил Цветков, по повод празникот на лозарите.Тој потенцираше дека минатата година првпат од потпишувањето на протоколот за вино со ЕУ, Македонија целосно ја искористи квотата од 91.000 хектолитри за безцарински извоз на флаширано вино

Февруари 15, 2015 Вино
Силвана Жежова

(ФОТО) Продолжува 130 години долгата традиција на закројување на лозјата во „Тиквеш“

Со закројување на лозјата, винарската визба „Тиквеш“ ја продолжи традицијата која во најголемата македонска винарница трае веќе 130 години.Чинот на закројување во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите, го извршија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, претседателот на управниот одбор Светозар Јаневски игенералниот директор Игор Илиевски, во присуство навработени во винарницата, нејзини партнери - лозари и гости.

Февруари 3, 2015 Вино Петре Димитров

Македонија ги доби првите сертифицирани Вински Советници

На 29.01.2015 година во 17:30 часот во Камник Тренинг Центарот официјално беа доделени сертификатите на првите Вински Советници во Македонија, со што успешно се заокружи програмата за стекнување на познавања, вештини и компетиции за винскито сектор.

Јануари 23, 2015 Вино Петре Димитров

Вино за подобар секс

Истражување спроведено меѓу жени открило дека една или две чаши вино во текот на денот може да придонесат за значително подобар и повозбудлив живот во спалната соба. Истражувачите испитале 800 жени на возраст од 18 до 50 години за нивното сексуално задоволство.