Вино

Виното „Ten barrels syrah reserva 2012“ на Камник едно од најдобрите десет „сира“ во светот

Винаријата Камник со својот уникатен пристап во создавањето на вино, правејќи единствена комбинација од најмодерните светски методи и традиционалните македонски вредности на производството на виното, комбинирајќи ги науката и уметноста, природата и знаењето, со вистинска страст за совршенство, продолжува и понатаму да создава вина кои се рангирани меѓу најдобрите на светот.

ИКС-фактор за маркетинг презентации на виртуелни винарии

Во Тренинг центарот Камник на 13.06.2015, три групи на идните вински советници (а во рамки на обуката Вински советник) ги презентираа своите маркетинг планови пред стручно маркетинг жири. Се бираше најдобрата винска  приказна, лого , дизајн на вински етикети, маркетинг план  и слоган за три виртуелни винарии.

Винаријата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

Четири сортни вина на македонската винарија „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“ кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија. Овој престижен настан е рангиран меѓу 10-те најелитни вински случувања, а годинава беа оценувани 358 вина од 21 држави меѓу кои и Јапонија, Уругвај, Нов Зеланд, Аргентина како и од Македонија.
 

Врвните вина на „Тиквеш“ со 34 награди на најбитните вински натпревари

Во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, врвните вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“ во Лондон.

Зголемено производството на вино во шишиња во последните три години

Според податоците на Државниот завод за статистика од годишната публикација за индустријата, производството на бело вино на точење од посебно географско потекло во последните три години е намалено за 33%, односно ако во 2012 година било произведено наливно квалитетно бело вино од вкупно 272.280 хектолитри, во 2014 година производството на истото паднало на 181.632 хектолитри.

Вината на „Стоби“ продолжуваат да ја освојуваат Америка

Американското списание специјализирано за вино „Вајн енд спиритс“ (Wine and spirits) во бројот што ќе излезе во јуни ќе ги препорача сортните вина „Жилавка 2013“ и „Вранец 2012“ на „Стоби“. Менаџментот на македонската винарија бил информиран од уредниците на престижниот магазин дека овие две вина ќе бидат издвоени и опишани како исклучително квалитетни. 

„Вина од Македонија“ со конкретна стртатегија и визија до 2020 година

До 2020 година најмалку 50% од вкупната количина извезено вино да биде во шише, а вредноста да забележи пораст од најмалку 45%. Ова е целта на здружението „Вина од Македонија“ кое денеска одбележува пет години работење.Во стратегискиот план 2015 - 2020, здружението ги таргетира пазарите во Европа (Англија, Германија, Бенелукс, Данска, Русија), САД со Канада и Азија (Кина и Јапонија). 

Кина втора по лозови насади во светот

Франција го загуби престижното второ место во рангирањето на земјите со најмногу лозарски области. Лидер е Шпанија, а нов финалист е Кина. Од 2013 година оваа азиска земја е најголемиот потрошувач на црвено вино во светот. Побарувањата ги принуди производителите да ги удвојат лозовите насади за последните 10 години.

Високи светски признанија за вината од „Домен Лепово“ и „Тиквеш“

Виното „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2013-та освои златен медал на најголемиот вински натпревар што се одржува во Германија – „Мундус Вини“. Истовремено, ова вино кое токму деновиве се најде на винските карти на престижните ресторани и трговски објекти со големи вински секции е прогласено за „Најдобро вино на натпреварот со потекло од Македонија“ со што овој успех добива и дополнително значење за промоција на високиот квалитет на вината на Тиквеш, па и на македонските вина во светски рамки.
 

Бред и Анџелина направија свое вино, едно шише за 18 фунти

Бред Пит и Анџелина Џоли станаа и производители на вино. Нивното розе Миравала 2014 оваа година ќе се најде во поднудата на продавниците по цена од 18 фунти по шише. Прашањето е дали виното навистина толку вреди или го продава само името на произведувачот.