Вино

Винарската визба „Тиквеш“ ја удвои добивката

Винарската визба „Тиквеш“ АД Скопје лани кај вкупните приходи забележаа раст од 9%, односно зголемување за 112,8 милилиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза

“Повардарие“ ја изгуби лиценцата за откуп: Им должи на лозарите за грозјето и на УЈП за данок

Винарската визба “Повардрие“ и уште три помали винарии кои се уште го немаат платено гозјето од ланската реколта се избришани од регистарот на производители на вино, информираат од Министерството за земјоделство.

На натпревар во Германија: Од целиот регион, „Тиквеш“ со најмногу освоени медали за своите врвни вина

Во рамки на пролетниот дел од најголемиот вински натпревар во Германија – „Мундус Вини“, сите пет пријавени вина од винарската визба „Тиквеш“ освоија медали, и се закитија со 3 златни и 2 сребрени медали.

Македонски вина од „Стоби“ со златни медали на меѓународниот натпревар „Мундус вини“

Црвените вина „Вердо“ и „Веритас“ од бербата од 2013 година од македонската винарија „Стоби“ освоија златни медали на пролетното издание на престижниот натпревар „Мундус вини“ кој се одржа во Германија на крајот на февруари. 

Февруари 20, 2017 Вино Камелија Делија

Седми во светот: Македонците пијат по 40,4 литри вино по глава на жител

Македонците просечно пијат по 40,4 литри вино по глава на жител, што ја става нашата земја на седмо место во светот според консумација на вино. 
 

Февруари 16, 2017 Вино Камелија Делија

Втората рата легна на сметките на лозарите: „Тиквеш“ исплати 60% од откупеното грозје

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати речиси 63 отсто од вкупната вредност. 

Цветков: Се надеваме на решение со Хрватска за виното

Ако Хрватска остане на истиот став во врска со воведените нетарифни бариери за увоз на македонското вино, ќе бидеме приморани да преземеме соодветни мерки, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Македонија извезла над милион шишиња вино во Русија

На саемот за храна и пијалаци во Москва. „Продекспо“ покрај 2.000 компании од 57 земји, учествуваа и седум македонски фирми од винската, млечната и конзервната индустрија од Македонија, информираа во Стопанската комора. 

(Фото) Минчо Јорданов и ќерка му го закроија лозјето на „Стоби“

Стотици гости меѓу кои и амбасадорите на Холандија, Италија и Унгарија, претставници од бизнис – секторот, вински витези и експерти денес (вторник, 14 февруари) присуствуваа на свечената прослава на празникот Св.Трифун во винаријата „Стоби“.

(Фото) Во чест на Св. Трифун – закроени лозјата на „Тиквеш“

Со желби за квалитетен род и добра винска година, во чест на Свети Трифун - заштитникот на лозарите и винарите, се закроија лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“.