Е-излог

(Галерија) Нова колекција на Еми Норис: Накит инспириран од обувките и врвките

Еми Норис промовира нова колекција на фанки накит преку моден едиториал. Истата ќе биде изложена на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима во Младинскиот  Култрен Центар на 12,13 и 14.  јуни 2015. Тоа ќе биде второ нејзино претставување на овој саем, а потоа накитот ќе биде изложен и во Концепт 37.

(Галерија) Чевлите со потпис на Кристина Арнаудова

Пејачката Кристина Арнаудова ги промовираше чевлите со нејзин потпис „Кристина“. Промоцијата се случи во P.S. Fashion во Скопје Сити Мол, каде што чевлите се изложени и може да се порача од посакуваниот модел.Чевлите ги изработи компанијата Shevro од Куманово.

Кристина Арнаудова со сопствена колекција чевли

Пејачката Кристина Арнаудова направи своја линија на чевли „Кристина“ изработени од Shvevro, Куманово за сезона пролет-лето 2015 година.Промоцијата на чевлите е закажана за во среда во 19 часот во П.С фешн во Сити Мол. 

Таму ќе биде шоу рум, ќе можат да се видат, пробаат и нарачаат сите модели.

 

Невестата од колекција “Garden” S/S 2015 од Антонија Ристовска, како од бајките

Модната дизајнерка Антонија Ристовска ја претставува новата колекција пролет лето 2015 со наслов “Garden”. Колекцијата е наменета за беспрекорната жена, жена ослободена од предрасуди, која знае да го обои животот, жена космополит. Антонија ја претставува колекцијата преку две подколекции кои се во стилот на 50тите и 70тите, во елегантен глам-стил. 

Моделите на Ada Gatti се совршени за пролетно освежување на гардероберот и на психата

Неодамна во ГТЦ се отвори новиот продажен бутик на шпанскиот бренд Ada Gatti (до кино Милениум). Она што остава посебен впечаток на моделите е нивниот колорит и квалитетниот „тежок“ материјал од кој се направени. Едноставно зрачат со елеганција и убавина и ја пленат секоја жена која знае што сака од себе  и како треба да изгледа.

(Галерија) Капсулната колекција на Ивана Кнез беше презентирана он-лајн

Капсулната колекција на Ивана Кнез беше он-лајн презентирана на www.ivanaknez.com. Со оваа единствена и несекојдневна промоција артистот и креатор, Ивана Кнез одбележа пет години постоење на Драма Студио. Виртуелната промоција е само концепциско продолжение на стилскиот израз и изборот на нови и екcпериментални 3Д материјали за висока мода. 
 

Нова колекција на Росица Мршиќ за секојдневен „аутфит“ на современата жена

Колекцијата е составена од 13 секојдневни парчиња наменети за девојки и жени чиј избор е практична облека со модерен и впечатлив дизајн. Препознатливиот стил на дизајнерката е забележлив во секое парче од колекцијата и ќе ги освои современите жени со можноста да го надополнат секојдневниот изглед со лесна доза на екстраваганција.

(Галерија) Единаесети Моден викенд: Запрете, размислете и уживајте во моментот!

Подготовките за единаесетотто издание на Моден викенд Скопје  кое ќе се одржи од 1-5-ти април, традиционално започнаа со фотосесија за имиџот на сезоната пред објективите на тандемот „Ани и Дими“. Моден викенд Скопје за пролет/лето 2015 ќе води во минималистички, мирен и топол моден свет  бидејќи во екстремно динамично и технолошки- напредното време во кое живееме честопати забораваме да здивнеме, да направиме пауза, да застанеме и да уживаме во моментите. 

(Галерија) Време е за љубов и ултимативно заведување

Познато е дека ефектот на пријатниот мирис влијае на визуелната перцепција и на начинот на кој лицата емотивно ги доживуваме. Често, најголемото влијание за атрактивноста на една жена го има нејзиниот мирис. Во Кампањата посветена на Денот на жената, компанијата AVON лансира нов парфем, посветен и инспириран токму од нејзината женственост и префинетост, новиот „Cherish“ мирис создаден да ја прослави Неа. 

 

(Галерија) Часовници Swatch за Денот на вљубените

Се чини дека Swatch не можеа да извадат поубави часовници за Денот на вљубените од моделите Unlock my heart, кои ја раскажуваат приказната на вистинската љубов која се чува под клуч. Иако лакот и стрелата се заштитен знак на Купидон, но не и кога станува збор за часовниците на Swatch, каде што симболот на Купидон овојпат е врзан за катанецот, односно клучот кој ја заклучува љубовта, а  истиот му припаѓа на саканото лице.