еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборниот ден помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, оценија од МВР

Денеска на заедничка прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев во присуство на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност Тони Ангеловски, оценија дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

„Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти.

Имајќи ги предвид информациите кои ги добив од надлежните аналитички служби во МВР, во текот на денешниот ден евидентирани се повеќе настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, пријави за агитирање на гласачко место и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес,“ изјави Тошковски.

На ниво на целата држава биле евидентирани:

-12 случаи на фотографирање на гласачко ливче
– 2 случаи на кинење на гласачкото ливче
– 6 пријави за нудење поткуп
– 15 пријави за агитирање
– на подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор.
– Врз основа на претходно поднесени пријави, од страна на МВР констатирани се 6 прекршоци по чл.190 од Изборниот Законик, а ќе бидат поднесени и 2 кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“ по член 163 од КЗ и една за „Повреда на избирачко право“ предвидено и казниво согласно член 159 од КЗ.
– на подрачје на СВР Охрид пријавено е јавно гласање пред Комисијата и на подрачје на СВР Тетово пријавен е настан за упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.
– На подрачје на СВР Куманово гласачките места 1100 во с.Умин Дол и 1075 во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ беа затворени, а избирачкиот материјал е вратен до канцеларијата на ОИК.
– На подрачје на СВР Струмица, лице при гласање на набљудувач го покажало гласачкото ливче.

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Сите вакцини се ефикасни против сите варијанти на Ковид-19

Редакција

Клиентите на Охридска банка ќе можат бесплатно да повлекуваат готовина од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Редакција

Ова се телефоните: Клиниката за психијатрија со психолошка поддршка за граѓаните, заради состојбата со корона вирусот

Редакција