Да помогнеме

На Давид (12) му треба нашата помош во борба со болеста, во прашање се 47.000 денари

Давид Стојановски има 12 години и боледува од тумор на лево колено со дијагноза малигна мезенхимална неоплазма со карактеристики на остеосарком.

„Подари љубов, подари книга“, акција за собирање книги за Кликината за онкологија

Акција за формирање на библиотека за пациентите на болничкиот оддел на Клиниката за радио-терапија и онкологија во Скопје, ќе се случува во книжарница „Децата од нашата улица“ (поранешна Ленинова, спроти Бастион), во сабота со почеток од 11 до 15 часот.

На чичко Драги што продава пред McDonalds, му треба храна за кучињата

Секој што поминал по улицата пред поранешен McDonalds во центарот на Скопје, го забележал чичко Драги, човекот што продава ластичиња и околу него, секогаш има еден куп кучиња. Како што неодамна пишуваше „Вест“, тој својата храна ја дели со 18 кучиња.

На бездомникот чичко Љубе му треба работа за да си плаќа киријата и да живее од нешто

На бездомникот од кај Бристол, чичко Љубе му е најдено сместување и благодарејќи на граѓаните кои му ја платија киријата не е на улица. 

Три години Северџан спие на клупа!

Северџан Сејфулах е бездомник кој три години спие на клупа во центарот на Скопје, пренесува телевизијата ТВ21.

Отец Пимен: За Св.Никола во црквите однесете плишани играчки

Отец Пимен на неговиот Фејсбук статус даде предлог-идеја, за Св. Никола луѓето да носат плишани играчки во Црквата, кои потоа ќе бидат дадени на децата на кои им се најпотребни.

Да помогнеме на девојчето за операција за одлепување на прстите на рацете и нозете

Елена Симовска е мајка која има девојче со Аперт синдром кој е многу редок и воедно е проследен со синдактилија (слепени прсти на рацете и нозете) и хидроцефалус (вода во мозокот).

На Горазд Николоски-Гого од Битола му е потребна нашата помош

На Горазд Николоски-Гого од Битола му е потребна нашата помош сега повеќе од кога и да е.

АПЕЛ, донирајте топла облека и ќебиња

Сојузот на хуманитарни здруженија на граѓани „ЕУРОХУМАН“ во соработка со Општината Центар и ЈП „Паркинзи на општина Центар“, ја организира хуманитарната акција „Топла облека за сите“. 

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да ѝ помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште помеѓу своите другарчиња

Матеа Матовска е 12 годишна ученичка која боледува од акутна миелоидна леукемија. Во моментов е хоспитализирана на одделот за хематоонкологија каде е изложена на хемотерапија.