Да помогнеме

Благе Кочоски и петте деца, ќе останат на улица

Благе Кочоски неговата сопруга и петте деца ќе останат на улица, бидејќи мораат да ја напуштат и онаа трошна куќа во која што сега живеат во Драчево.Очаен бидејќи ќе остане без покрив на глава, бара начин како да го згрижи семејството.

(Галерија) „Работна акција“ во домот на Доца со помош на хуманите луѓе

Приказната за Доца и нејзината ќерка која ја на Фејсбук ја обелодени Коалиција Боите на животот кои живеат во трошна куќа во Кисела Вода, има среќен крај.Најголемата материјална помош семејството ја доби од еден Македонец кој живее во Австралија и кој им помогнал да го реновираат домот.Голема донација семејството доби и од една македонска градежна компанија која благодаре

(Галерија) Во оваа куќа живеат две деца и им треба помош

Влатко e татко на две дечиња девојче (10) и машко (5) и живеат во населбата Припор.Пред неколку години неговата сопругата починала, па тој сега живее сам со неговата стара мајка која се грижи за децата и за домот. Нивната куќа е трошна, живеат во многу скромни и сиромашни услови.Тој е занаетчија, заварувач и без постојана работа. Сам направил кревет за неговите две дечиња. Се обидува да изгради соба за децата. 

Пенова: Да работиш, а да немаш ни за леб! Детето ми е повлечено, заради сиромаштијата

Сузана Пенова на најсуров начин на сопствена кожа чувствува како е да работиш, а често да немаш ни за леб. Оваа самохрана мајка е вработена како хигиеничарка во Општина Карпош, живее во трошна куќа со својот 14-годишен син Илија. Куќата само што не се распаднала, страв со кој се соочува секојдневно.Со синот живеат во две соби, под секакви човечки услови.

Акцијата во домот на Доца успешна, искречена е и куќата а добија и Интернет

Од Коалицијата боите на животот, известуваат дека акцијата за домот во Кисела Вода е успешна. Многу работи пристигнале во домот на Доца, од сите добри и хумани луѓе.Куќата е искречена, а ставен е и Интернет.

Им треба нашата помош: Девојче, долги години ја криело сиромаштијата од другите деца

Им требаат кревет, биро, компјутер, а мајката не може да и го овозможи на својата ќерка она што другите го имаат екскурзија, нови тренерки, убава книга. Девојчето ангел, на неа не може да се забалежи сутуацијата во која се наоѓа бидејќи успешно ја крие од другите деца. Долги години криела и од учителката која всушност ја покренала акцијата.

(Галерија) Томе Кириази освои прво место на Интернационалниот NASA Space Apps Challenge натпревар

Томе Кириази заедно со неговиот тим Кристијан Најдовски, Драган Илиевски и Димитар Стефановски го освоија првото место на Интернационалниот NASA Space Apps Challenge натпревар кој за прв пат се одржа во Битола, викендов.Овој дводневен интернационален натпревар се одржа во повеќе од 130 локации низ целиот свет.

Томе Кириази му се израдува на Телескопот од Т-Мобиле

Томе Кириази од Битола го доби телескопот кој Твитер заедницата му го обезбеди преку поените кои ги донираа на Т-мобиле, а се со цел да му го збогатат знаењето по астрономија. По сторијата за студентот Томе Кириази во еМагазин, твитерџиите покренаа хуманитарна акција на Твитер преку хаштагот #ЗаТоме. 

 

(Галерија) Додека чекаат одговор од институциите, кровот ќе им се сруши врз глава

„Мамо кога ќе се вселиме во нова куќа. Сакам да имам моја соба?“ Секој ден петгодишната Јана ја прашува нејзината мајка Даниела, кога се враќа од градинка. „А денеска некој не посети?“ Љубопитна е малата.Во семејството Кочоски, чија што куќа во Драчево секој момент може да падне, луѓето почнаа да доаѓаат и да носат хуманитарна помош откако нивната состојба беше обелоденета на социјалните мрежи и во медиумите.