еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

И Македонците во Бугарија, на кои оваа членка на Европската Унија не им дозволува право на здружување се најдоа во извештајот на американскиот Стејт департментот за човековите права.

Како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, во однос на слобода на здружување во Бугарија, извештајот вели дека законот предвидува право на слобода на здружување и оти владата генерално го почитувала, но оти „властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација – Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров““.

„И покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите“, стои во извештајот.

Во него се додава дека во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврдил одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден – Пловдив, со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт.

Во мај, Апелациониот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд, нотира извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија за да ја принуди Бугарија да им ги признае правата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила градоначалничката Арсовска, која стана претседател на партијата Нова Алтернатива

Редакција

Намален бројот на македонски граѓани кои добиле германски пасош

Редакција

(Фото) Како изгледа канцеларијата на “Лидл“ во Скопје

Редакција