Убава приказна

„Ре-Медика“ наполни 10 години

За една деценија постоење во болницата се родени 6.000 бебиња, направени се 370.974 амбулантски прегледи, 12.938 гинеколошки интервенции, 11.904 хируршки интервенции. Во овој период се направени 17.423 рентген снимања и 8.285 снимања со компјутерски томограф.

Дводецениска успешна приказна на интернационален бренд Pierre Cardin во Македонија

Познатиот моден бренд Пјер Карден (Pierre Cardin), на 8- ми Април го прославува својот 20-ти роденден на македонскиот пазар. Фирмата Нени Компани веќе 20 години им овозможува на македонските потрошувачи да бидат во тек со светската модна сцена.Значајниот јубилеј на врвниот интернационален моден дизајнер во Македонија, застапникот Нени Компани ќе го одбележи со тридневен попуст  од 7 до 9 април со 20 отсто на целата колекција Пјер Карден.
 

Во хотелот Изгрев се прослави 20 годишнината од Фибула Груп

Туристичката мрежа Фибула Група прослави 20 години постоење. На дводневниот собир во хотелот Изгрев во Струга, на кој што учествуваа претставници на националните канцеларии на Фибула Група од шест земји, како и партнерските тур-оператори од регионот, беа презентирани досегашните достигнувања на Фибула во унапредување на туризмот, од основањето до денес, како во Македонија, така и во регионот.
 

Комерцијална банка слави 60 години: Денес има 41.000 корпоративни клиенти и работи со 890.000 граѓани

Банката во изминатите 60 години неколку пати го променила своето име. Основана е во 1955 година под името Комерцијална банка на Град Скопје, во 1966 година била преименувана во Комерцијално-инвестициска банка на Град Скопје. Во 1973 година била преименувана во Стопанска банка-филијала Скопје, а од 1976 година го носела името Стопанска банка –основна банка Скопје. Денешното име го носи од 1989 година.

Познатата македонска компанија „Макпримат“ слави 25 години успешно постоење

На 25-ти март (среда) македонската компанија „Макпримат“ слави 25 години успешно постоење. По тој повод, „Макпримат“ на своите почитувани клиенти и пријатели во својата продавница во ГТЦ (приземје), ќе им приреди интересни изненадувања за заедно да го одбележат 25 - от роденден.

(Галерија) Француска вила на Алпите се грее на македонските радијатори „Завар дизајн“

Компанијата „Завар дизајн“, која се занимава со дизајнирани радијатори полека, но сигурно го освојува францускиот пазар.Во оваа насока, периодов изработуваат радијатор кој е custom made и е направен за потребите на еден showroom во Париз.Станува збор за соработка меѓу нив и македонскиот дизајнер Марјан Денков кој живее и работи во Париз.

(Галерија) Пивара Скопје: 90 години поминаа, а ние штотуку почнуваме!

Големиот број гости и пријатели на Пивара Скопје, овој вторник, во Македонскиот народен театар, беа дел од временската машина која ги однесе на виртуелно патување низ 90 годишната историја, но и кон иднината на една од водечките македонски компании - Пивара Скопје, која е дел од глобалните семејства на Coca-Cola и Heineken. 

Унет прославува 20 годишна успешна приказна

Првиот македонски интернет сервис провајдер „Унет”, започнува со низа активности со кои ќе јa одбележи 20 годишнината од своето формирање и работење.

И Нутела има свој ден

Популарниот италијански крем Нутела, има свој ден и тоа е денеска кој е прогласен за Светскиот ден на Нутелата. Главната состојка, лешник, е типичен производ од покраината Пијемонт од каде потекнува семејството Фереро.

(Галерија) Катја чие срце беше оперирано кога имаше 800 грама, денеска слави роденден

Катја, јавноста ја запозна со тоа што врз неа се направи првата операција на отворено срце на бебе со тежина под еден килограм во нашата земја.Тимот од околу 50 лекари од клиничката болница „Аџибадем-Систина“ успешно изведоа кардиохируршка операција на предвремено родено бебе со тежина од 800 грама, кое по раѓањето не можело самостојно да дише, бидејќи циркулаторната врска меѓу белите дробови и срцето не била затворена.