Македонија е убава земја, но премногу загадена. Тоа ќе ви го каже секој странец кој имал можност да ги види природните убавини, од кои во истовреме се воодушевува и згрозува. Секако и граѓаните кои имаат развиена еколошка свест.
Камените блокови низ Скопје, често се користат за канта за отпадоци, но се жардињери наменети за зеленило.
Неколку еколошки здруженија испратија допис до претседателот на Владата Зоран Заев и од него бараат да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2017 година изнесува 635.875 тони. Споредено со 2016 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2017 година бележи зголемување од 4,2 %.
Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак, за потоа да се рециклира, наместо да заврши на депонија.
Екипи на Градот Скопје денеска засадија нови дрвја на три локации, и тоа кај Камениот мост, во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир, информираат од Град Скопје.
Трансформацијата на зградите во објекти со потрошувачка на енергија близу до нула (nZEB) и бариерите и можностите за интеграција на системите за складирање енергија во згради со фотоволтаици се предизвиците со кои се соочува научната и стручната јавност.
Vivax клима уредите се препознатливи по своите врвни карактеристики и се одликуваат со квалитетно работење и технолошки компоненти кои овозможуваат напредни функционалности и поради тоа Vivax повторно ја доби Best Buy наградата и оваа година.
Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот.
Рамнењето на седлото на Водно спрема Матка, од каде што треба да поминува гасоводот кон Гостивар, денеска одблиску беше сликан од планинарите.