еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Економската директорка на УЈЗ Клиника за токсикологија, Бесија Иљази е во фокусот на јавноста поради зголемување на долгот на Клиниката, невработување на потребен кадар, како и поради констатацијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат дека во Клиниката 11 лица (пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант) незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Како што е и познато таа не знае и македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа Клиника. Според вработените, таа неретко на работа доаѓа со својот татко, кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Сите овие факти не беа доволни Министерството за здравство (МЗ) да одговори на прашањето на еМагазин за образованието и искуството на Иљази.

Од МЗ вчера ја побаравме нејзината биографија (за да се види колку е соодветна за оваа позиција), која ја нема на офцијалната страна на Клиниката, ниту пак за нејзе може да се најдат податоци на интернет.

Таа дојде на оваа позиција ден пред формирање на техничката влада, а според вработените на Клиниката не ги исполнува условите пропишани со Законот за директори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Дури и министерот за здравство Илир Демири, кој ја постави на оваа функција, пред некој ден не знаеше какво образование има таа. Рече само дека имала високо образование.

Демири е кадар на владејачката Алијанса за Албанците, од крилото на Зијадин Села.

Иљази не и објасни на јавноста како за толку кратко време го зголемила долгот на Клиниката и зошто 11 лица незаконски работеле на Клиниката.

Таа деновиве одржа средба со новинарите, но бидејќи зборуваше само на албански јазик, новинарите демонстративно ја напуштија истата.

Министерот Демири најави дека ако „било потребно“ таа на македонски јазик ќе објаснила што се случува на Клиниката, ама тоа не се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сестри, болничари, биолози, лаборант незаконски и без образование, работеле на Клиниката за токсикологија

Доктор Беќаровски најави дека заминува од Клиниката за токсикологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Редакција

(ВИДЕО) Како изгледаше езерото Треска во своите убави времиња

Редакција

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Редакција