Чиста околина

Колку се загадени македонските реки?

Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени во публикацијата „25 години независна Македонија“, лани е забележано намалување на загадувањето на реките, кога тоа достигна 3.2 мг О₂/л БПК 5, што укажува на нивна средна загаденост односно подобрена состојба за 1.9% во однос на 2000 година.

Хотелите заинтересирани за енергетската ефикасност

Сопствениците и менаџерите на хотели во Македонија се запознаа со мерките за зголемување на енергетската ефикасност и со финансиските инструменти за имплементација на мерки за намалување на потрошувачката на енергија на денешната „Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап 

Еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Вработените и менаџментот на Пивара Скопје, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак, исчистија над 3 километри од кејот на реката Вардар во Скопје. Во рамки на акцијата собран е целокупниот сув отпад кој понатаму ќе биде селектиран и рециклиран со што ќе се обезбеди негов соодветен третман. 

(Фото) Тетово ќе се „бори“ со загадувањето со инсталации од мов

Општина Тетово во соработка со невладината организација „Еко свест“ и Германската амбасада во земјава во Тетово ќе постават Еко три билборд. Наместо да се засадуваат дрвја ќе се поставува вертикална инсталација од мов, која ќе го прочистува воздухот.

За десет години субвенционирани 4.252 домаќиства за инсталирање на сончеви колектори

Вкупно 4.252 домаќинства досега добиле субвенции за вградување сончеви колектори. За оваа намена од Буџетот на државата се одвоени околу 52 милиони денари. Според информациите од Министерството за економија на последниот оглас избрани се 640 братели на субвенции за сончеви колектори

(ВИДЕО) На тетовската депонија се свиреше Бах

Во организација на „Еко Герила“, тетовски уметници одржаа концерт во знак на протест против загадувањето и нерасчистувањето на депонијата во Тетово.

Гости од Швајцарија од плажата Љубаништа заминаа со пет вреќи отпад

Сопружници од Швајцарија, големи вљубеници во Охрид, од плажата Љубаништа заминаа со пет вреќи од 120 литри, полни со отпад, пишува Ohrid news

Светот остана сиромашен за уште еден животински вид

Во Зоолошката градина во Атланта почина единствениот преостанат примерок од реткиот вид на жаби (Ecnomiohyla rabborum), со што светот остана сиромашен за уште еден животински вид.

(ВИДЕО) Топењето на мразот на Гренланд открива мрачна тајна од Студената војна

Тајниот проект на американската војска од времето на Студената војна и токсичниот отпад што тој го крие, наводно закопан под гренландскиот мраз, веројатно ќе биде откриен благодарение на растот на температурата во наредните децении, тврдат научниците.

Електричен полигон 3 во организација на Електромобилност Македонија

Организацијата за електрични возила во Македонија - Електромобилност Македонија на 19 септември 2016 година ќе биде дел од големиот настан „Европска недела на мобилност“ под мотото „Паметна мобилност, силна економија“, каде трета година по ред со свои активности е вклучена