Чиста околина

Ново загадување на Оризарска река: Ќе јадеме ли загаден кочански ориз?

Од изутринава е забележано ново загадување на Оризарска и Кочанска Река кај село Грдовци. Оризарска Река сега е со зелена боја и од неа се шири тежок непријатен мирис. Земјоделците стравуваат за своите ниви кои треба да ги посеат како и за производство од ориз кое треба да го добијат. 

ЕКСКЛУЗИВНО: Децата во Велес и Битола најзагрозени од загадениот воздух

Во Центрите за јавно здравје се изработува здравствена евиденција за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението. Се следи месечниот и сезонскиот морбидитет од неспецифични респираторни болести (болести на дишните органи) кај предучилишни (0-6 години) и училишни деца (7-14 години), посебно за град и село.

 

Шумското производство намалено за 45,8% во првиот квартал

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2017 година, во однос на првото тримесечје од 2016 година, е намалено за 45,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Јалова борба за чиста животна средина: Во Македонија има повеќе автомобили отколку велосипеди

Иако македонските граѓани, а посебно скопјани, тетовчани и битолчани речиси постојано негодуваат поради загаденоста на воздухот не прават ништо за самите да придонесат кон намалување на штетните супстанци, гасови и честички кои негативно влијаат врз здравјето.

Со боца за кислород во борба за чист воздух

Игор Пирковски беше маратонецот кој на Скопски маратон ја истрча патеката, односно цели 42 km, носејќи на грбот боца со кислород како симбол на борбата за чист воздух. 

И во водата во гевгелиските села Моин и Богородица има висока концентрација на арсен

Лабораторијата во Солун утврдила дека гевгелиските села Моин и Богородица, кои се приклучени на градската водоводна мрежа, добиваат вода со висока концентрација на арсен, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“.

Човекот ја уништува животната средина: Повеќе од 100 природни добра исчезнуваат по наша вина

Најновите истражувања откриваат дека кај 63 проценти природни добра се забележува негативно човечко влијание, а дека дури 91 процент анализирани подрачја се соочуваат со драстично губење на шумите. Кои природни богатства се најзагрозени? 

По Кочанска загадена и Оризарска река

​По загадувањето на Кочанска река кај село Горни Подлог со непозната материја со лош мирис, од денеска е забележано загадување и на Оризарска река кај село Грдовци.

Aпликација за мапирање на депонии и отпад

„Report trash“ е апликација за мапирање на дива депонија. Таа функционира на тој начин што депонијата се фотографира и автоматски се прикачива на светската маша на диви депонии.

Извојувана граѓанската битка за Студенчишко Блато

По запирање на незаконскиот хотел во Лагадин извојувана уште една граѓанска битка: урбаниот блок 17.1 Студенчишко Блато останува строго заштитена зона додека не се изработи студија за валоризација, информираат од Охрид СОС.