Спорт

Манчестер Јунајтед најскап тим во Европа

Според испитувањата на швајцарскиот фудбалски опсерваториум (CIES), сегашниот состав на Манчестер Јунајтед се наоѓа на првото место во петте најсилни лиги, бидејќи играчкиот состав чини вкупно 718 милиони евра.

(Фото) Како изгледаат новите дресови на македонската фудбалска репрезентација

Во куќата на фудбалот денес беше презентиран новиот дизајн на репрезентативните дресови со што се најави продолжувањето на соработката помеѓу Фудбалска федерација на Македонија и германскиот бренд на спортска опрема ЈАКО.

Американски кошаркар почина на тренинг во Охрид

Американецот Мур Камерун синоќа починал за време на тренингот што го имал со кошаркарскиот тим Охрид АВ. Од клубот ја потврдија информацијата за трагедијата. Кошаркарот пристигнал во Охрид како засилување за охриѓани.

Роналдо планира професионално да игра фудбал уште десетина години

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо верува дека, иако има 31 години, професионално ќе игра фудбал уште десетина година, бидејќи смета дека има сила за тоа.

(Видео) Новак Ѓоковиќ го посети теренот каде што првпат почнал да тренира тенис

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ со семејството и пријателите собира сила за нови предизвици кои го очекуваат кон крајот на сезоната. Тој престојува на Копаоник, а искористил можност да го посети својот омилен терен.

Продажбата на акциите на штипскиот фудбалски клуб Брегалница ќе се повтори

Постапката за продажба на 250 акции на Фудбалскиот клуб Брегалница, кои се во сопственот на Општина Штип  ќе се повтори, одлучи денеска Комисијата за спроведување на продажба на акциите на ФК „Брегалница“-Штип.

Се продава ФК Брегалница 2008 од Штип

Почна продажбата на Фудбалскиот клуб Брегалница 2008. Oд денеска и официјално во дневниот печат и на веб страницата на општината објавен e огласот за продажба на овој клуб.

„Работнички“ слави 70 години постоење, ќе игра натпревар со „Фенербахче“ на 30 септември

Во рамки на прославата на 70-годишнината од постоењето на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички, на 30 септември во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи ревијален натпревар меѓу КК Работнички и шампионот на Турција и вицешампионот на Европа Фенербахче.

Најлошиот пласман во историјата: Пад за осум места на Македонија на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше осум места на најновата рејтинг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 146.место. Ова воедно е најлошиот пласман во историјата за „црвено-жолтите“.

(Видео) Чуден меч меѓу Монфис и Ѓоковиќ на УС опен, Србинот избори финале

После многу мака со рамето, Новак Ѓоковиќ го совлада Гаел Монфис со 6:3, 6:2, 3:6 и 6:2 и се пласираше во финалето на УС опен.