Доктор Нико Беќаровски најави дека си заминува од Клиниката за токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.
Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте,“ пишува тој на фејсбук.
Клиниката за токсикологија ја тресат скандали, откако вработените јавно излегоа да го изразат своето незадоволство од работењето на економската директорка Бесија Иљази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.