Спорт

Хрватска светски првак во ватерполо

Ватреполистите на Хрватска се новите светски прваци, откако синоќа во финалето на 17. Светско првенство во спортови на вода во Будимпешта го совладаа домаќинот Унгарија со 8:6, пред 8.000 бучни унграски навивачи.

На 2 август 38. Илинденски пливачки маратон во водите на Охридското Езеро

Шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови ќе бидат дел од традиционалниот „Илинденски пливачки маратон 2017“, што на 2 август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Mакедонските каратисти Петар Заборски и Сара Радичевска освоија златни медали на Европското универзитетско првенство

Македонските каратисти Петар Заборски и Сара Радичевска освоија златни медали на Европското универзитетско првенство, кое што се одржа во Куимбра, Португалија.

Финале за македонските каратисти на Европското универзитетско првенство во Португалија

Македонските каратисти, членови на скопски „Макпетрол“ кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, вчера во елиминацискиот дел од првенството постигнаа извонреден успех.

Вардар против Копенхаген ќе игра на арената „Филип Втори“ во Скопје

​Европската фудбалска федерација (УЕФА) го прифати барањето на македонскиот првак Вардар дуелот од втретото квалификациско коло за Лигата на шампионите против Копенхаген да се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

УЕФА го даде Вардар на дисциплинска поради пропустите на мечот со Малме

​Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против македонскиот шампион Вардар поради пропустите и инцидентите за време на натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме на стадионот „Младост“ во Струмица одигран во вторникот.

Топ 10 тенисери на светот: Федерер се искачи на третата позиција на АТП ранг листата

​Победникот на Вимблдон Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и од петтото се проби на третото место.

Федерер по осми пат го освои трофејот на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по рекорден осми пат е победник на Грен слемот Вимблдон.

Кристијано Роналдо нема да биде во тимот Реал за Супер Купот во Скопје

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, најверојатно, нема да биде во тимот на натпреварот од Супер Куп со Манчестер Јунајтед закажан за 8 август во Скопје, но треба да игра против Барселона во шпанскиот Супер Куп.

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза го освои Вимблдон

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза е победничка на годинашното издание на Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето на убедлив начин ја победи Венус Вилијамс од САД со 2-0.