Македонско

70 години од објавувањето на македонскиот правопис

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во МАНУ се одржува свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис.

Државниот завод за статистика одбележува 70 години постоење

Државниот завод за статистика одбележува 70 години постоење. Директорката на оваа институција Лидија Костовска во интервју за МИА истакнува дека како носител на статистичкиот систем во Република Македонија, Државниот завод  е обврзан и одговорен да произведува точни и навремени статистички податоци. Смета дека за едно демократско општество  е од голема вредност да има веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика.

Голем јубилеј: Четири децении Градежен институт

Градежниот институт Македонија,  кој е основан во 1975 година, одбележа 40 години постоење.

Просветно дело слави 70 години

На 16 април се навршуваат 70 години од основањето на Просветно дело и од објавувањето на првиот Буквар на македонски јазик. Во тој контекст, Просветно дело има длабоко историско-културолошко значење, пред се`заради остварувањето на вековните желби на Македонците за свој јазик, писменост и култура.

МНТ го одбележува седумдеценискиот јубилеј

Македонскиот народен театар два и пол месеца ќе го одбележува 70-годишниот роденден, а на самиот ден (3 април) напладне ќе организира свеченост со перформанс, изложба на експонати и со изведба на „Вечната куќа“ во вечерниот термин.

Буковецот како заштитен македонски производ

„Буковка”, „Буковец”,„Буковска пипер” ... Буковка е зачин кој го има насекаде, ама кога зборуваме за Буковска пипер-тоа е зачин што во посебни услови го произведуваат жителите на селото Буково и сега е на пат да биде заштитен како македонски производ.

Црвениот крст на Република Македонија одбележува 70 години

Црвениот крст на Република Македонија одбележува 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерција на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Тавче-гравче, нов производ од креативната кујна на Mama’s

Креативната кујна на македонскиот бренд Mama’s зготви нешто вкусно и тоа на барање на сите верни љубители на нивните вкусови. Имено програмата од пиперки и слатката линија на овој бренд, збогатена е уште со една традиционална класика тавче-гравче.

 

Како се роди македонското знаме

Државно знаме на територијата на Републиката е усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето.

Промовирана монографијата „Танец – душата на Македонија“

Со промоција на монографијата „Танец – душата на Македонија“, во Музејот на македонската борба, се заокружи прославата на 65 години од постоењето на најзначајната национална установа во Македонија, која го негува македонскиот фолклор.