еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Врнежливо време, наместа со пороен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредува доктор Беќаровски

Редакција

Починале седум лица кои по вторпат заболеле од Ковид-19, вкупниот број на реинфекции е 734

Редакција