еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Лајонсите прегледаа повеќе од 30.000 деца за вид

Повеќе од 30.000 деца од предшколска возраст, во минативе шест години, минаа низ скрининг прегледи за вид благодарение на неколкугодишната активност на членовите на Лајонс Дистрикт 132, беше потенцирано на денешната средба со новинарите.

„Поминавме низ многу села, градови, установи, институции и со ангажман на обучени лајонс членови и офталмолози придонесуваме во општеството за рано откривање на пречки во видот кај децата.

Како резултат на овој проект издејствувавме промени во Законот за образование да се внесат задолжителни прегледи на очи пред децата да одат во прво одделение. Наша цел е да влијаеме на општеството за подобрување на животот на ранливите групи. Овој проект се реализираше во соработка со Фондацијата Лајонс клуб Интернешнал и УСАИД и чинеше повеќе од милион долари,“ рече Бети Деловска, гувернерка на Лајонс Дистикт 132.

Деловска потенцираше дека Лајонизмот дејствува како организација која дава поддршка на ранливи групи за вид, глад, дијабетес, детски канцер, животна средина, млади, помош на заедницата и поддршка при катастрофи и во исполнување на сите глобални цели на Обединетите нации.

Харалампи Коцев, прв вице-гувернер на Лајонс Дистрикт 132, објасни дека големината и основната мисија на лајонизмот е волонтерство, односно начин на живот.

„Сите ние го даваме своето најдрагоцено од себе – нашето време. Се вложуваме во акциите, собираме средства и донации и донираме продукти. Има луѓе на кои им требаме, им подаваме рака и одвојуваме време да понудиме утеха. Го даваме своето слободно време што е најдрагоцен ресурс за секој човек,“ изјави Коцев.

Маја Костовска, втор вице-гувернер на Лајонс Дистрикт 132 потенцираше дека сите сме волонтери во организацијата.

„Кога бев поканета да бидам дел од организацијата си поставив прашање „зошто“. Затоа што заедно можеме повеќе. Кој било поединец може да направи многу, но заедно можеме многу повеќе. Заедницата и ранливите групи имаат огромен бенефит од нашите активности. Ние сме на терен и работиме со заедницата. Се почнува од клубот и од нивните членови,“ изјави Костовска.

Лајонсите реализираат нд најмали поединечни проекти до најголеми проекти на ниво на држава, потоа соработка со разни таргет групи и лобирање во институции во системот.

Лајонс интернешнл е формирана во 1917 година од страна на Мелвин Џонс, која денес е најголема хуманитарна сервисна организација во светот. Основна мисија е дека Лајонсите се Витези на слепите, кои функционираат во 145 земји во светот. Моментално, броиме речиси 1.450.000 членови во сите земји во светот. Членовите во една држава се организирани во Клубови, кои потоа формираат Дистрикт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Една од тајните на успехот на Mercedes-Benz за најдобра автомобилска марка во светот – М-Класа

Редакција

Македокс: Заврши Патувачкото кино 2020 во Скопскиот регион

Редакција

Парламентите за младите: Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Редакција