Беспарица

Просечното македонско домаќинство троши 61,2 отсто од буџетот за храна, облека и домување

Просечното домаќинство во Македонија, околу 61.2% од својата потрошувачка наменува за задоволување на основните потреби за храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2014 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 64.5%, пензиите учествуваат со 20.3%, примањата од земјоделството со 4.8%, примањата од странство со 2.6%, социјалните бенефиции со 1.5%.

 

 

Се подготвувате за летување: Совети како да заштедите на патувања

Колку пати сте сакале некаде да отпатувате, но откако ќе ги разгледате потенцијалните трошоци што Ве очекуваат, веднаш се откажувате. Немојте веќе да очајувате, бидејќи само неколку совети се доволни да Ви заштедат многу пари на патот. Ево за кои совети станува збор:

Се намалиле штедните влогови во македонските банки

Првичните декадни податоци со мај 2015 година покажуваат пад на вкупните депозити од 1% на месечна основа (наспроти растот во претходниот месец од 0,7%), при регистрирано намалување и на депозитите на претпријатијата и на депозитите на домаќинствата, соопшти Народната банка во најновиот извештај за макроекономските показатели во земјава. 

Највеќе пораснале платите во Источниот регион, а сепак се најниски

Индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во 2014 година, во однос на 2013 година, изнесува 101.2, соопшти Државниот завод за статистика во публикацијата „Регионите во Македонија“. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната исплатена бруто-плата по вработен во: Источниот регион за 2,9%, во Скопскиот регион за 2,3% и во Југоисточниот регион за 1,6%.

 

Поразителна статистика: Невработени се 47% од младите на возраст од 15 до 24 години

Во првото тримесечје од 2015 година стапката на невработеност во земјава изнесува 27,3 отсто, што е намалување од 0,3 отсто во споредба со последните три месеци од претходната година. Во овој период бројот на невработени лица е намален за над 3.000, додека бројот на вработени е зголемен за околу 1.200 лица. Според последните податоци на Државниот завод за статистика,

За пет години енергенсот поскапел за 30%: Најевтина струја плаќаат Бугарите, најскапа Данците

Цената на електричната енергија, платена од домаќинствата Во Бугарија е најниска споредено со земјите во Европската унија во втората половина на минатата година, посочуваат последните податоци кои ги објави Еуростат. Во рамки на ЕУ цената на струјата од 2008 година па до крајот на минатата година се зголемила за над 30%. 

Бирајте што ќе работите: Топ 10 најстресни професии во светот

Според истражувањето на сајтот CareerCast.com, најстресна професија на светот оваа година е пожарникар кој има оцена за стрес од 71.59 од можни 100
Во таканатечениот 015 Jobs Rated извештај, на второ место е активната воена служба со оцена на стрес од 70.78. додека на третата позиција оваа година е уште една војничка професија, односно генерал кој има оценка на стрес од 63.11. Организатор на настани, личност која “ држи се во раце

Шанса за социјалците: На плодоуживање ќе се даваат 133 хектари земјоделско земјиште

Државата на јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица ќе понуди вкупно 133 хектари земјиште (ниви, ливади и трска) во 11 региони и тоа во Свети Николе, Велес, Неготино, Гевгелија, Македонски Брод, Крива Паланка, Виница, Кавадарци, Крушево, Куманово и во Кратово.

 

Блокирани сметките на 117.000 граѓани и фирми

Блокирани биле сметките на 117.283 физички и правни лица заклучно со март годинава, покажува извештајот за блокирани депонентни на Народната банка. Од вкупниот број блокирани сметки, 75.294 се на физички лица, а 42.000 на правни лица. Податоците на НБМ откриваат зголемување на бројот на блокирани физички лица во однос на февруари, годинава кога се регистрирани 57.622 блокирани граѓани.

 

Највеќе се фалсификуваат банкноти од 100, 500 и 1.000 денари

Во рамките на своите надлежности, Народната банка лани извршила експертизи на 297 сомнителни денарски банкноти, при што е утврденo дека 15 банкноти се оригинални, додека останатите 282 банкноти се фалсификувани. Во 2014 година бројот на откриени фалсификувани банкноти е зголемен за 31,2% во однос на 2013 година. Од вкупниот број откриени фалсификувани денарски банкноти во 2014 година, најзастапени се апоените од 100, 500 и 1000 денари.