Беспарица

Како да ги намалите сметките за струја?

Енергетската ефикасност претставува користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење. Порастот на потрошувачката на енергија во Македонија во текот на последната деценија е два пати поголем. 

Македонски живот: Станови од 80 квадрати, а греење во една соба

Домаќинствата во Република Македонија живеат во живеалишта кои имаат просечно по 3.42 соби и во нив просечно живеат по 3.69 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната површина на живеалиштата е 82.87м2 , а просечно се загрева површина од 37.41 м2 , што значи учеството на површината која се загрева во вкупната површина на живеалиштето изнесува 45.14%.

 

Македонците се помалку имаат пари да тераат туризам дома

Според статистичките податоци, лани кај домашните туристи има раст од 6,5 проценти, а кај странците зголемувањето е за 14,2 проценти. Бројот на ноќевања во истиот споредбен период кај домашните туристи е зголемен за шест проценти, а кај странските за 12,3 проценти.

Како да препознаете дали лебот е навистина црн или е обоен

Темната боја не е показател за квалитетот на лебот, тоа често е само вештачка боја. Најздрав е најтврдиот и најжилавиот леб. Навистина, многу пекари почнаа во последно време да произведуваат вистински здрав, тежок црн леб со 95% ржано или брашно од јачмен, но на рафтовите во продавниците 

Трговците очекуваат намалување на цените

Трговците очекуваат поволни ветришта во следниот квартал. Според анкетата која што ја спореведе Државниот завод за статистика како резултат на зголемените залихи, очекуваат намалување на цените во наредниот период.

Храната се поевтина, млекото и шеќерот на седумгодишен минимум

Светските цени на храната во јануари се приближија на 7 годишен минимум поради поевтинувањето на речиси сите прехранбени производи. Посебно голем пад имаа цените на шеќерот и млечните производи, соопшти Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) со седиште во Рим.

Банкарите советуваат: Не раѓајте деца, стануваат се поскапи!

Да се има денеска деца е се потешко во целиот свет, се наведува во најновиот извештај на аналитичарите на инвестициската банка Голдман Сакс. Овие наводи произлегуваат од тоа што одгледувањето деца станува се поскапо, велат од банката

Бабини совети: Како со малку пари да бидете убави

Ако многу пати до сега ви се случило да купите некој производ за нега заради примамливиот дизајн, за потоа да откриете дека не е делотворен, можеби сега е вистинското време да испробате некој од старинските совети на вашите баби

Трошите многу: Ова се десет совети како најлесно да заштедите пари

Плаќајте во готовина, а не на кредитна картичка, бидејќи така имате реален осет колку трошите. Најдобро би било целосно да се тргнете од картичките и да ги оставите негде на страна. Прегледајте ги сметките за телефон, кабловска,интернет и потоа распрашајте се дали постојат оператори со подобри понуди.

Каде се најевтини бензините: Хрватите ги полнат резервоарите во БиХ, Бугарите во Македонија

Цените од 1.51 KM (0.77 евро центи ) за литар бензин и 1.36 KM (0.70 евро центи ) за литар дизел привлече голем број на сопственици на автомобили од Хрватска да ги полнат резервоарите во БиХ, пренесуваат локалните медиуми.