Беспарица

Како да се негувате, а да не плаќате скапо по салони

Ништо не може да ја релаксира и опушти жената, како третманите и „тинтрањето“ во салон за убавина. Преку претстојот таму доживува психичка и физичка катарза и се преродува. Нема жена која не сака да оди, бидејќи излегува како нова.И се е тоа супер доколку таа може да одвои околу 100 евра месечно за да ги направи сите потребни третмани кои од неа ги бараат телото, кожата, годините и нејзиното сопствено јас.

 

Или имаш, или немаш. Средната класа во исчезнување

Приказната на еМагазин за Благе Кочоски од Драчево, кој живее со пет деца во трошна куќа која во секој момент може да се распадне и прима само 8.000 денари помош од државата за трето дете, само го наметнува прашањето, колку семејства во Македонија живеат како него, сиромашни но и се на прагот на сиромаштијата?

Законот за хонорарци ги згасна „Биг-бендот“ на МРТ и „Фејмс“

Со новиот закон за хонорарци е доведено во прашање постоењето на два оркестри - „Фејмс“ и „Биг-бендот“ на МРТ - што функционираат кај нас со години, а во кои се ангажирани повеќе од 100 музичари. Членовите на овие оркестри не ги продолжија своите договори поради тоа што со новите измени драстично ќе им се намалат хонорарите за нивниот ангажман, пишува Нова Македонија.

Македонија е осма најевтина земја за живеење во светот

Македонија е на осмата позиција во светот како земја која е најевтина за живеење, покажува истражувањето направено од страна на Numbeo.com. Најевтина земја за живеење во светот е Индија. Во рангирањето се разгледани фактори како цена на изнајмување на стан, храна, храна во ресторан и др. Македонија на осмото место на оваа листа има индекс од 32,4. 

Во кои земји во светот животот е најскап?

Животот е Њујорк е скап, но САД дури не влегуваат во топ 20 најскапи држави за живот, покажува истражувањето на Movehub.Земјите во Западна Европа доминираат во рангирањето. Од Movehub го направиле рангирањето на база на податоци од Numbeo - сајт кој ги споредува цените на исти стоки во целиот свет. Numbeo користи разновидни податоци 

Светската економија ќе има помал раст во следните 50 години

Растот на светската економија ќе забележи значително успорување во следните 50 години, поради стареењето на населението.Во спротивно можно е да има подобри резултати доколку земјите не пронајдат начин за зголемување на производството, се наведува во извештајот на Глобалниот институт Мекензи.

Се намалува вредноста на денарот во однос на еврото

На крајот од 2014 година, едно евро во земјава вредеше 61,69 денари што е најниска вредност на денарот во изминативе десет години. Во 2004 година едно евро вредело 61,31 денари, а на крајот на 2013 година 61,51 денари.

Поскапеле храната, пијалоците и земјоделските производи

Зголемување на цените на мало регистрира Државниот завод за статистика кај земјоделските производи за 5,9 отсто, храната за 0,9 отсто и пијалоците за 0,7 отсто во последниот месец од минатата година споредено со истиот период од претходната година. 

Се зголемиле трошоците за здравствени услуги

Трошоците за здравје се зголемиле за 2,1 отсто, а за здравствени услуги за 2,2 отсто во декември 2014 година споредено со истиот месец во претходната година, покажуваат најновите податоци за индексите на трошоците на животот што ги објави Државниот завод за статистика. Во овој едногодишен период, трошоците на граѓаните за фармацевстки производи пораснале за 2,3 отсто, за медицински услуги за 2,4 отсто, а за стоматолошките услуги за 1,8 отсто

Вработените ќе плаќаат придонеси и за хонорар од 1 денар

Доколку сте вработени и земате плата ќе плаќате придонеси и за хонорар од само 100, 200 или 500 денари. Сумата од 9.590 денари месечни приходи над која настанува обврската за плаќање придонеси на хонорарите не се однесува само на средствата заработени преку авторски договори и договри на дело туку и на парите добиени како плата од редовен работен однос. Со оглед на тоа што толкава е и минималната плата во државата, сите вработени лица ќе треба да го пријавуваат и да плаќаат придонеси за секој екстра денар заработен како хонорар.