Изминативе неколку дена поради неподносливиот топлотен бран и најголемите противници на користењето на клима-уредите, не можеа без нив. Разладувањето со нив и нивното одржување чини пари, но постои начин и самите да го исчистите клима-уредот за да биде поефикасен, и да заштедите пари на тоа.
Во тек е сезоната на летни одмори кога се склучуваат разни договори со туристички агенции и угостители во кои тие и лицата што уплаќаат за летување имаат свои права и обврски. За аранжман за летен одмор туристите склучуваат договор со туристичките агенции за условите на тој аранжман и имаат свои права и обврски
Постојат неколку итри начини да најдете евтини билети за авион во последната минута во секоја точка на светот. Daily Star објавуви селекција од совети со кои, наводно, може да Ви го обезбеди најевтиниот билет за авион. Прво, најдобро е билети да се бараат не во сајтовите на буџетските авиокомпании, туку на сајтовите кои се занимаваат со споредување на цените - (Skyscanner, Opodo и други).
Туристите што годинава се на летување во Грција, велат дека цените во ресторани и на плажа се поскапи за 30 проценти. Има поскапувања на пијалоците, храната, и лежалките за на плажа. „Секоја година на летување одиме во Грција, но оваа забележавме зголемување на цените. Потрошивме повеќе пари од вообичаено
Патувате на море во Грција, Црна Гора, Бугарија или Хрватска, но дали е потребно да ги носите скоро сите намирници од дома за да заштедите. Она што е јасно е дека највисоки се цените на прехранбените производи во Грција, а најниски цени на море има во Бугарија.
Ништо не може да ја релаксира и опушти жената, како третманите и „тинтрањето“ во салон за убавина. Преку претстојот таму доживува психичка и физичка катарза и се преродува. Нема жена која не сака да оди, бидејќи излегува како нова.
Со зголемувањето на температурите, почнаа и летните одмори, иако многумина се уште размислуваат каде да го поминат својот одмор. За жал, голем број на граѓани не можат да си дозволат летување, па или ќе останат дома или ќе побараат спас во кредитите кои ги нудат банките.
Подготовките за одмор најчесто не чинат и по неколку стотици евра, и никогаш „на прва топка“ не ги ставаме во конечните пресметки за годишниот одмор.Она што најпрво не интересира, нормално, е дестинацијата каде што би оделе, цената
Можеби веќе неколкупати сте се обидувале со своите приходи да го покриете минусот, но набрзо станувате обесхрабрени и се откажувате. Затоа вашите долгови продолжуваат да се зголемуваат и да ви создаваат дополнителен стрес.
Во моментот во кој бројни млади луѓе не можат да си купат сопствен дом, пазарот на имот цвета. Алтернативата на т.н. „Генерација под наем" исто не е толку атрактивна, коментира Statista. Како што се повеќе луѓе се свртуваат кон поголемите градови заради поголеми плати и подобри можности, сопствениците на имот успеваат да ги искористат предностите на пазарот на имоти, кој често излегува надвор од контрола.