Добрососедство

(Фото) Македонија и Грција договорија 11 конкретни мерки за градење меѓусебна доверба

Никос Коѕијас е првиот грчки министер за надворешни работи кој по една деценија дојде во билатерална посета на Македонија. Како и што беше најавено централна точка на неговата денешна посета на Македонија е договорањето на мерките за доверба помеѓу Македонија и Грција.

Делегација од Општина Грачаница ја посети Витаминка

Официјална делегација од Општина Грачаница, Косово беше на еднодневна посета во Витаминка. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи и Општина Грачаница.

Музиката нема граници: „Дафино, вино црвено“ ја крена грчката публика на нозе

Овации и аплаузи се слушнаа во салата по настапот на битолскиот вокално-инструментален состав „Ад либитум арт“ во рамките на Меѓународниот хорски фестивал во Солун, пишува Нова Македонија.

Македонски, албански и грчки погранични компании заеднички да освојуваат трети пазари

Оваа средба беше продолжение на веќе официјализираната соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Битола, Комората од Лерин, Република Грција и Унијата на стопански комори на  Албанија, која започна со потпишување на Меморандумот за соработка во декември 2014 година на првата трилатерална средба во Лерин, Република Грција.
 

ЕУ: Безмалку 12 милиони евра за прекугранична соработка на Македонија и Албанија

Европската унија ќе одвои 11.900.000 евра за новата ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија (2014-2020 година), од кои 10.710.000 евра се предвидени за добитиници на грантови кои ќе поднесат проектни предлози.

 

Јахјага: Косово и Македонија имаат иста агенда - ЕУ

Претседателката на Република Косово Атифете Јахјага како многу добри ги оценува односите меѓу Македонија и Косово истакнувајќи притоа дека двете земји работат за иста агенда, агендата кон Европската Унија. „Односите меѓу нашите земји се исклучително добри. Ние имаме многу добри соседски и пријателски односи. И Косово и Македонија имаат една интензивирана агенда за процесите на интегрирање“ 

Градежниците од регионот заеднички ќе настапуваат и ќе ги решаваат проблемите

Здруженијата за градежништво при стопанските комори од регионот, Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Република Српска, денеска потпишаа Договор за соработка чија цел е надминување на актуелните проблеми во секторот и заеднички настап на трети пазари.

Добрососедство: Ќустендилци на шопинг по гориво, сирење и јагнешко во Македонија

Жители на Ќустендил и други погранични населени места редовно ги полнат автомобилите со гориво од бензинските станици во Македонија, а купуваат и прехранбени прозводи кои се поевтини од Бугарија, раскажуваат вработени на граничниот премин Ѓуешево, соопшти Бугарското национално радио.

Владите на Косово и на Македонија ќе одржат заедничка седница

Косовскиот премиер Иса Мустафа во Приштина соопштил дека за наредниот месец планирана е заедничка седница на косовската и македонската влада. По двете седници со албанската, за косовската влада седицата со македоската ќе биде со влада на втора држава од соседството. Македонската влада пак веќе имаше заеднички седници со владите на Србија и на Бугарија.

Македонски и косовски екологисти го чистеа коритото на Лепенец

Светскиот ден на водите денеска беше одбележан со акција за прекугранично чистење на речното корито на реката Лепенец. Од македонска страна на акцијата се приклучи министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а од косовската страна заменик министерот за животна средина Ферат Шала и градоначалниците на Качаник, Витина, Урошевац и Генерал Јанковиќ.