Добрососедство

Формирање на „Итер витис Балкан“ за промоција на винската традиција во регионот

Македонија и останатите земји од поранешна Југославија, заедно со Грција, Албанија, Бугарија и Романија, ја основаа асоцијацијата „Итер витис Балкан“. Откако ќе биде правно регистририна, во октомври се очекува асоцијацијата да биде сертифицирана како културна патека од Програмата на Советот на Европа „Cultural Routes“.

Македонскиот ајвар во Атина

Македонскиот ајвар, чаеви и дел од традиционалните кулинарски специјалитети беа претставени на Меѓународниот саем за храна во Атина. Ова е втора година како македонската амбасада во Атина се претставува на овој саем, организиран од здружението на сопругите на амбасадорите во Грција

Македонската и бугарската академија на наука и уметност заедно го одбележаа Денот на св. Кирил и Методиј

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) денеска со свечен собир во Скопје го одбележуваат Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.

Бугарија и Албанија сакаат стабилна Македонија

Бугарија и Албанија се заинтересирани за тоа што се случува во Македонија и посакуваат стабилизација на земјата. Ова го изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати по вчерашната средба со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов во Софија. Бушати притоа посочил дека во Македонија е неопходно да има политички дијалог кој ќе доведе до 

Почна да важи одлуката на Косово да се патува со лични карти

Меѓудржавната спогодба на Владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила.

Македонската, Бугарската и Хрватската берза се поврзаа преку СЕЕ Линк платформа

Македонската, Бугарската и Хрватската берза ќе ги пренасочуваат налозите за тргување преку СЕЕ Линк платформата која денеска беше официјално промовирана во Скопје во рамки на одбележувањето на 20-годишнината на Македонската берза.

Приштина во Скопје: Комшиски фестивал на креативни уметности во Јавна соба

Од 25. до 27. март Јавна соба - дизајн центар  е домаќин на проектот „Приштина  во Скопје”. Ликовна уметност, дизајнерски парчиња, моден дизајн, накит, фотографија, мозаици, музички и кулинарски изведби во живо, Јавна соба ја претставува овој викенд најсилната страна на Косовската сцена, нивниот креативен потенцијал и храброст.

Продлабочување на соработката меѓу компаниите од Македонија и Албанија

Бизнис-делегација од Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) заедно со делегација на Комората на Северозападна Македонија учествуваат во тридневна економска мисија во Албанија, чиј фокус е интензивирање на деловната соработка и воспоставување нови бизнис-релации помеѓу компаниите од двете земји.

Потребни се конкурентни економии засновани на регионално поврзување

На Западен Балкан му се потребни структурни реформи, борба против корупцијата и надминување на уште многу други предизвици. Регионалната соработка е важна за економски напредок и развој.

Во Србија формирана прва партија на Македонците на државно ниво

Во Нови Сад денеска е формирана првата македонска малцинска партија на ниво на Србија, Партијата на Македонците на Србија, чие седиште ќе биде во Белград, изјави за Танјуг, претседателот на Извршниот одбор на партијата, Димче Булевски.