Добрососедство

Албанскиот претседател Мета: Македонското малцинство е богатство за Албанија

​Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија.

Заев-Рама: Македонија и Албанија очекуваат идната година да ги почнат преговорите за интеграција во ЕУ

​Република Македонија и Република Албанија очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската Унија

Рецептот на Никола Димитров за добрососедски односи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил постираше фотографија од салата на која напиша: „Одличен рецепт за добрососедски односи и решавање на проблеми“.

Македонија оддели шест милиони денари за настраданите во поплавите во Албанија

Владата на вчерашната седница одлучи да се одделат шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија.

Во Поградец на 15. декември прва заедничка седница на владите на Македонија и Албанија

​Владите на Република Македонија и на Република Албанија ќе одржат заедничка меѓувладина седница на 15 декември во албанскиот град Поградец.   

Македонците и Грците во Албанија заедно против Законот за заштита на малцинствата

Партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партија за заштита на човековите права, по повод 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права, вчера во Тирана организираше тркалезна маса на тема „Законот за заштита на

Побрз надомест на штета при сообраќајка во Албанија

​Македонија потпиша Спогодба за заштита на посетителите и со Албанија која на возачите, како и со другите земји од регионот, им овозможува побрз и поефикасен надомест на штета во случај на сообраќајна несреќа. Спогодбата е потпишана меѓу националните бироа

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија на 15 декември

Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Подградец ќе одржат заедничка седница. Претставниците на Владите на двете држави, како што се наведува во соопштението на македонската Влада, го договориле датумот и местото на одржување на заедничката седница.

Захариева: Договорот за добрососедство ќе се ратификува следната недела

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерија Захариева изјави дека се надева оти Договорот за добрососедство со Македонија ќе биде ратификуван идната недела во бугарското Народно собрание.

Бугарија најавува намалени цени на роамингот со Македонија

Во следните неколку месеци ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за намалување на цените во роамингот за земјите од Западен Балкан, најави денеска бугарскиот министер за транспорт, информатички технологии и комуникации Ивајло Московски, пренесува денеска БТА.