Добрососедство

Со пари од ЕУ и општината во Штип ќе се гради мултимедијален центар

Центарот за развој на источниот плански регион и штипскиот гигант „Актива“ потпишаа договор за изградба на мултимедијален центар во Штип. Станува збор за реализација на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-CREATIVA“ кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ.

Гевгелија доби 300 илјади евра од ЕУ ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција

Општина Гевгелија доби околу 300.000 евра од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, наменети за продолжување на работите околу уредувањето на коритото на одводниот канал „Рауљ„ и за изработка на студија со основен проект за канализирање и зафаќање на сите атмосферски води во Гевгелија, информира градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов.

Груевски и Вучиќ ќе ја водат заедничката седница на владите на Македонија и на Србија

Владите на Република Македoнија и на Република Србија денеска во Скопје ќе одржат заедничка седница на која ќе претседаваат премиерите на двете земји Никола Груевски и Александар Вучиќ. На заедничката седница треба да бидат разгледани повеќе прашања од билатерален интерес, а предвидено е потпишување и на неколку меѓувладини договори. 

Одреден е датумот за разговори меѓу Бугарија и Македонија за подготовка на Договорот за добрососедство

Одреден е датумот за разговори меѓу бугарската и македонската работна група за подготовка на Договорот за добрососедство. Ова го изјави министерот за надворешни работи, Даниел Митов, во одговор на прашање на БГНЕС.

Унапредување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија

Претставници од централната и локалната власт во Македонија, стопанственици, како и делегација од Албанија, ги сумираа потенцијалите за бизнис соработка, меѓу регионите на Полог и Корча, на денешната  конференцијата на тема: „Прекугранична соработка и претприемништво“ во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), како дел од „Проектот за подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион - помеѓу Македонија и Албанија“.

Грантови од 2,16 милиони евра од ИПА за прекуграничната соработка на Македонија и Косово

Македонските општини Гостивар, Липково и Чаир и косовските Драгаш, Витина и Гнилане ќе спроведуваат проекти преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската унија, со грантови во износ од 2,16 милиони евра

Договор за добрососедство: Македонија и Бугарија 95% се усогласија

По долги натегања и комплицирања на содржината на договорот од бугарската страна, дипломатски извори за "Вечер" велат дека Бугарите побарале како основа на договорот да биде земена Декларацијата за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 1999 година, која исклучува секакви непријателски акти или намери кон другата држава. 

Конкурс за младите балкански дизајнери насловен „Заедничко тло“

Балканската дизајнерска мрежа, која е составена од културната организација Јавна соба/ Public Room – Скопје, организацијата Миксер – Белград и Хрватското дизајнерско друштво – Загреб, го распиша петтиот по ред конкурс Young Balkan Designers 2015 (Млади балкански дизајнери 2015) под слоганот „Common Grounds”или „Заедничко тло“. 

Македонија и Косово потпишаа договор за потикнување и заштита на инвестициите

Реформите кои се спроведуваат во Македонија и во Косово, европските и евро-атлантските интеграции и можностите за понатамошно унапредување на односите во сферите од заемен интерес беа темите на разговорите во Скопје меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и потпретседателот на косовската Влада и министер за надворешни работи Хашим Тачи