Check in

Порта џез: Најпријатното место во Битола

Битолскиот Широк сокак е преполн со најразлични кафе барови, но како по некое непишано правило, вистинските места се секогаш „понастрана“. Едно е најпријатното место во Битола во кое можете да уживате во било кое време од денот е дефинитивно барот Порта џез. Прекрасен амбиент, живи свирки, вистинска уживанција.

 

Посетете ја “Штала” и уживајте во убавата музика и амбиент

Кафе барот Штала е дефинитивно место кое треба да го посетите. Одлично вино, убави луѓе меѓу вас, а и има неверојатен изглед. На кратко, нешто неодоливо. Дури би се запрашале дали навистина станува збор за место коешто е дел од овој град.  Посетете ја “Штала” и уживајте во убавата музика и амбиент.

Кафе бар Кино Карпош-одлично место за секое време од денот

Кафе барот Кино Карпош е одлично место за секое време од денот. Пријатен амбиент, како внатре така и надвор на летната тераса. Тука ќе можете да забележите и по некое маче или куче, кои се чувствува исто како дома. Кафе Кино Карпош во ноќните часови секогаш е спремен за забава, за секоја генерација која ќе се најде тука. 

На убаво утринско кафе во Цреша бар

Едно од најубавите и најпријатните места кои последниве години се отворија во Скопје е дефинитивно барот Цреша. Се наоѓа на ул. Иван Милутиновиќ бр.8 (Рајко Жинзифов 8), во скопската населба Карпош1. Екипата на еМагазин викендов се чекираше таму и уживаше во амбинетот на една од најубавите тераси во градот. 

(Галерија) Хедонизам во Маврово: Ѕирнете во хотелот Радика

Прв пат се чекирам во оваа рубрика на еМагазин и баш ми е ќејф дека тоа е со хотелот Радика, единствениот хотел со пет ѕвезди во нашиот зимски центар Маврово. Претпоставував многумина од вас имале можност да уживаат во убавините на Маврово, а ако со тоа го искомбинирате и овој хотел ќе имате полн погодок.