Бизнис

Нова распродажба на УЈП: Се продаваат станови, коли, деловен простор по багателни цени

Градежно неизградено земјиште во Македонски Брод, деловен простор во Чаир, стан во Мислешево,  автомобили, комбиња, гарнитури за седење, печатачи, машини за шиење, навлаки, перничиња...

Која е бугарската компанија „Енекод“ новиот сопственик на „Фени“

Бугарската компанија „Енекод“ го спаси од стечај кавадаречкиот комбинат “Фени“ со што компанијата стана нов сопственик и го презеде долгот од 70 милиони евра кој го имаше компанијата, како и сите вработени.

Октомври 20, 2017 Бизнис Никола Осило

ЕКСКЛУЗИВНО: Во трансакција вредна три милиони евра продадени акции од „Коппер инвестмент“

Во блок-трансакција вредна 184 милиони денари или три милиони евра денеска на Македонска берза беа продадени 7.500 акции од „Коппер инвестмент“. Акциите се продадоа по цена од 24.600 денари за акција.

 

Октомври 20, 2017 Бизнис Никола Осило

Во мултимилионска трансакција продадени акции од „Макпетрол“

Во блок-трансакција вредна 25,9 милиони денари денеска на Македонска берза беа продадени 920 акции од „Макпетрол“. Акциите се продадоа по цена од 28.202 денари за акција.

 

Октомври 20, 2017 Бизнис Никола Осило

Огњан Циговски купи акции од битолска УТТ „Македонија“

Членот на Одборот на директори на АД УТТ „Македонија“ од Битола Огњан Циговски се стекна со 20 акции и сега поседува вкупно 1.676 акции или 4,79% од вкупниот број на акции со право на глас, соопшти компанијата преку Македонската берза.

 

 

Октомври 20, 2017 Бизнис Никола Осило

Пад на добивката на ГТЦ

Градскиот трговски центар (ГТЦ) во периодот јануари-септември, годинава оствари добивка од 16,7 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 35,8 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

 

„Енекод” нов сопственик на „Фени“, сите работници остануваат

„Фени индустри” доби нов сопственик - бугарската компанија „Енекод”, нема да оди во стечај и сите работници ќе останат со статусот што го имаа, информира денеска претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски.

Просечната нето- плата во август достигна 375 евра

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2017 година, изнесува 22.912 денари или 375 евра  и е за 2,8% повисока споредено со истиот месец минатата година.

Светска банка за годинава ни предвидува раст на БДП од само 1,5%

Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти. 

Октомври 20, 2017 Бизнис Никола Осило

Милионска зделка: Владата купува телевизори, видео и аудио опрема

Службатa за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша оглас за набавка и испорака на ТВ, видео и аудио опрема. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е1.470.000 денари.