Бизнис

Јавна опомена за охридски Трудбеник од Македонската берза

На седницата одржана на 20.04.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Трудбеник АД Охрид, информираат од Берзата.

Смени во менаџментот на Технометал-Вардар

Собранието на акционери на Технометал-Вардар донесе одлука избор на членови на Одборот на директори, информира компанијата преку Македонската берза.

Почнува сезоната на летувања: Во кои земји Македонците имаат бесплатно здравствено осигурување

За туристите за време на летувањето може да бидат актуелни разни болести како што е висока температура, повреди во сообраќајна несреќа или убоди од инсекти, алергија, хипертензија, мозочен удар или скршеници, кои не можат да бидат одложени до враќањето дома.

За увоз на нафта сме потрошиле 101 милиони евра во првиот квартал

Во првиот квартал годинава вкупниот увоз на нафта и нафтени деривати изнесува 101 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка за трговската размена. 

Драстичен пад на извозот на овошје и зеленчук во првиот квартал

Извозот на овошје и зеленчук во првиот квартал годинава изнесува 22,6 милиони евра и е за 9,6 милиони евра помал споредено со првиот квартал минатата година, кога извозот изнесувал 33,2 милиони евра. 

Кој ќе биде вице-премиер од бизнисот?

Парламентарното мнозинство по се изгледа нема да откаже од идејата во новата влада да има и вице-премиер од бизнисот, иако идејата наиде и на критики во јавноста.

Прокредит банка оствари добивка од 271 милиони денари

Прокредит банка во текот на минатата година оствари добивка од 271,6 милиони денари, што е на речиси исто ниво како и во претходната година кога банката имала добивка од 272,8 милиони денари, покажува ревидираниот биланс на успех на банката објавен преку Македонската берза.

 

Горан Ицевски назначен за член на Управниот одбор на Силк роуд банка

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на промена - именување на член на Управен одбор на Силк роуд банка АД Скопје (Silk Road Bank AD Skopje) донесе решение со кое се одобрува назначувањето на Горан Ицевски за член на УО на банката.

 

Се финализира претстечајната постапка на „Графички центар“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по службена должност за упис на решение на Основен суд Скопје 2 Скопје II за отворена стечајна постапка над трговско друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство „Графички 

„Макпетрол“: Година на напади

Во 2016 година продолжија нападите и кражбите на малопродажните објекти на „Макпетрол“ АД Скопје, соопшти компанијата во годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза.