Македонија

Обвинителството побарало апсење на осомничените од мрежата за тргување со кокаин

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднел предлог за изрекување мерки за обезбедување на присуство на петтемина осомничени за трговија со дрога. Како што информира ОЈО, предлогот бил поднесен поради постоење законски 

(ВИДЕО) Пратеникот Зекири тврди бил нападнат од обезбедувачи на Мијалков, а тој најави тужба за клевета

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири тврди дека вчеравечер во кафулето „Дион“ бил вербално и физички нападнат од лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков, додека со свои пријатели седел на маса што претходно ја резервирал. На прес-конференција побара

(ВИДЕО) Бејли: УСАИД не работи против владата, нови избори не гарантираат нови резултати

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека УСАИД не работи против владата, дека потребно е продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и дека нови избори најверојатно не би донеле нови резултати.

(ВИДЕО) Сите детали за акцијата „Мрежа„: Како е разбиена група која продавала кокаин

Во рамки на оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на уличното дилерство на дрога, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше случај при што откриена е криминална група составена од пет лица и тоа С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34), соопшти МВР.

Албанските партии со правилник ќе ги усогласуваат ставовите и новиот Закон за употреба на јазиците

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена да формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албанците, заклучија албанските политички партии денеска 

Обелоденети три вознемирувачки случаи на силување во Македонија

Министерството за внатрешни работи денеска го објави билтенот во кој се забележуваат три пријави за силувања во кои жртвите настрадале по контактирање на Фејсбук, поради уцени и под присила односно закани.

 

Втор ден прекин на железничкиот сообраќај поради протест на вработените

Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во Македонски железници - Транспорт бараат исплата на платата за јануари 2017 година. Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари Латко Јовановски претпладнево изјави дека на македонските пруги е целосно во прекин движењето на патничките и на товарните возови. 

Откриена организирана група за трговија со дрога во повеќе македонски градови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал вчера спровела акција за откривање  организирана група што извршувала кривични дела на нелегална трговија со дрога.

 

Републиканскиот конгресмен Рорабакер се извини за лапсусот за поделба на Македонија

Републиканскиот конгресмен и претседавач на поткомитетот за Европа, Евроазија и опасности во пораст, Дeјна Рорабакер се извини за неговиот неодамнешен коментар дека Македонија не е држава и треба да се подели.

Снег во Маврово, најстудено во Берово

Утрово, до 8:30 часот, најстудено беше во Берово, -5 степени, а максимални три степени се измерени во Тополчани и Дебар. Како што информира УХМР, -3 степени беше во Струмица, Демир Капија и Скопје Петровец, -2 во Куманово, Битола, Штип, Кррива Паланка и Тетово, -1 во Скопје, Лазарополе и Гевгелија, 0 Крушево, Виница, Прилеп и Претор, 1 степен во Пожаране и Маврово и 2 во Ѓуриште, Охрид и Дојран.