Македонија

На Јанкулоска ќе и се суди одвоено во „Таргет-Тврдина“

Пауза од еден час даде судијката Џенета Бегтовиќ на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ за адвокатот Петар Василевски да го достави пред Судот примерокот од одлуката на Врховниот суд на Грција, со која се ослободени од екстрадициски притвор поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Пратениците дадоа зелено светло договорот со Грција да се разгледува по скратена постапка

Пратениците на денешната 51 седница на Собранието дадоа поддршка предлог-законот за ратификацијата на Договорот со Грција, кој беше потпишан во неделата од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, да се гласа по скратена постапка.

Судско рочиште за предметот „Титаник 3“ одложено за на 28 јуни

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник 3“ беше одложено, бидејќи едниот од обвинетите во овој процес на СЈО, Ејуп Аљими, известил дека не може да биде на рочиштето бидејќи мора да учествува во денешната седница на Собранието, на која треба да се ратификува спогодбата со Грција.

Пратениците на координации за Договорот со Грција: ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува

Пратениците пристигнуваат во Собранието на Република Македонија каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името.

 

Светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија во повеќе градови

​Од денеска до 21. јуни во повеќе градови низ Македонија ќе се одржува Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата бегалци од дијаспората. 

Ново рочиште за „Титаник 3“ на СЈО, за „уништување изборен материјал“

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Миленко Неделковски „распали“ по Груевски: Каде бевте ти и твојот тим кога народот јадеше солзавец?

Никола Груевски, поранешен премиеру на поранешната Република Македонија, КАДЕ БЕШЕ ТИ и “твојот тим“ вечерва кога народот кој ти овозможуваше власт 12 години јадеше солзавец од страна на фашистичките орди на Бејли и Заев?, напиша Миленко Неделковски на својот Фејсбук-профил..

 

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“ на СЈО, за масовното прислушување

Денеска во Кривичниот суд треба се одржи ново рочиште за „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

Ратификација на договорот за името денеска во Собранието: Повик за блокада на седницата

Се очекува денеска граѓани повторно да се соберат во 11 часот пред Парламентот за да ја блокираат собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за спорот за името.

 

Грчева: Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме

Солза Грчева вечерва на протестот пред Собранието ја нарече Владата фашистичка и порача дека од државата сакаат да создадат фашистичка творба. „Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Се сакаат да скинат замислиле оваа нација да нема минато