Македонија

(ВИДЕО) Нова жртва од студот во Македонија: Старица замрзна во пехчевско Црник

Поларните температури во Малешевијата ја зедоа првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ, пренесува Мета.

(Фото) Што можеме да научиме од Истанбул за да ги заштититме животните на студот

Од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелираат милениците кои се чуваат во надворешни услови да се соберат на топло, или пак они што ги врзуваат да ги отпуштат од ланците за 

ЕУ очекува брзо формирање на нова влада на Македонија

Откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за составување нова влада, Европската унија излезе со повторен став дека очекува „брзо формирање на нова влада“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Иванов го врачи мандатот: Ќе успее ли Груевски да формира влада

Претседателот Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.

Мерки за превенција од грип

Комисијата за заразни болести потсетува на општите мерки за населението за превенција од грип кои беа утврдени на состанок одржан на 5 јануари 2017 година. Мерките се однесуваат на сите акутни респираторни заболувања 

Иванов ќе му го даде мандат за составување на влада на Груевски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во 13:00 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, информираат од Кабинетот на претседателот.

Кои патишта се затворени за сообраќај поради снежните наноси

Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, соопшти Автомото сојузот на Македонија. На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.

Како да им помогнеме на птиците да го преживеат студеното време

Студеното време и снежната покривка го отежнуваат пронаоѓањето храна од страна на птиците и изборот е минимален. Птиците ќе можат да го преживеат студот и да се стоплат само ако се најадени. Во вакви временски услови - тие гладуваат, предупредуваат од Здружението за заштита на бувовите МОТ.

Гардијан го препорачува Скопје за „град кој никогаш не сте мислеле, но мора да го посетите“

Скопје е меѓу европските градови кои британски Гардијан ги препорачува на своите читатели да ги посетат во 2017 година, иако никогаш не мислеле да ги посетат. 

Во Маврово најстудено - 21 степен

​Во Маврово утрово е измерена најниска температура од -21 степен, -20 се измерени во Битола, Тетово и Лазарополе, -19 во Крушево, -18 во Дебар и Прилеп, -17 во Пожаране и Куманово, -16 во Крива Паланка, Берово и Ѓуриште, -15 во Тополчани и Скопје Петровец, -14 во Охрид, Виница и Претор, -12 во Скопје, -11 во Штип, -10 во Демир Капија и Струмица, -8 во Дојран и -7 Гевгелија