Балкан

Словенците со највисока просечна плата во регионот, во Македонија најниска

​Највисока просечна плата во регионот според најновите податоци, во минатата година е исплатена во Словенија – 1.020,40 евра, а најниска во Македонија, само 363,80 евра. Просечната плата во Хрватска е 749,70 евра, во Црна Гора 503 евра

Хрватска се уште не е призната од десетина држави

​Хрватска, и после 25 години независност, се уште не е призната од неколку земји, објави хрватскиот портал Индекс.Тие држави одржуваат дипломатски односи со Хрватска, но формално никогаш не ја признале независноста на земјата.

Кои се тројцата најбогати Срби

Според Форбс, најбогатиот човек во Србија во 2016 година е Филип Цептер, чие богатство се проценува на пет милијарди долари. Тој е основач на компанијата Zepter International, не живее во Србија, но има српско државјанство.

Николиќ: Србијa е подготвена да испрати војска во Косово

​Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека Србија е подготвена да испрати оружени сили во Косово долколку биде загрозено српското население.

Поради безбедносни причини, Србија го враќа назад првиот воз од Белград кон Косово

Возот што претпладнево од Белград, првпат по 1999 година, се упати кон Косовска Митровица, по неколку часови чекање на станицата во Рашка, вечерва се упати назад кон српскиот главен град.Како што објави електронското издание на весникот „Вечерње новости“

Поради птичјиот грип Бугарија ќе уништи уште 130.000 птици

Високо патогениот вирус на птичјиот грип од типот Х5Н8 досега е регистиран на 55 живинарски фарми во Бугарија, поради што во текот на денов ќе бидат уништени уште 130.000 домашни птици, соопшти денеска бугарската мнистерка за земјоделство Десислава Танева.

Закана за поставен експлозив на пругата Белград-Косовска Митровица

Специјални тимови на косовската полиција попладнево вршат проверка на пругата, по која денеска требаше да мине возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица. Тоа е првиот воз што се упати на релација од Белград кон Косовска Миторвица по 1999 година.

(Фото) Со фрески и боите на српското знаме, повтроно воспоставен возот од Белград до Косовска Митровица

Неколку луѓе, во главно новинари, се собраа утрово на перонот 1 на железничката станица во Белград, за да го испратат возот кој прв пат по војната, оди за Косовска Митровица.

Нови протести во Грција, земјоделците се подготвуваат за блокада на патишта

Земјоделците во Грција сооопштија дека на 23 јануари ќе почнат со протести, што значи дека се очекуваат блокади на патиштата, вклучувајќи ги и граничните премини, јави дописникот на МИА од Атина.

Снежна бура во Хрватска, автобус со деца заглавен на Сљеме

Снежно невреме попладнево ја зафати планината Сљеме, крај Загреб, а два автобуса со деца останаа заглавени бидејќи претходно комбе слетало од улица и го запрело сообраќајот, пренесува порталот Индекс.хр.