еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

30,7 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Прилепска пиварница лани

Од Прилепска пиварница АД Прилеп во Годишниот извештај за работењето лани, информираат дека на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата минатата година им се исплатени вкупно 30.722.162 денари бруто, за плати и надоместоци.

Надзорниот одбор (НО) го сочинуваат тројца членови. Александар Чатлески (дипломиран економист), Методија Самарџиоски (дипломиран технолог) и Александар Димитријески (дипломиран технолог). Независен член на НО е Димитријески.

Управниот одбор (УО) го сочинуваат седум членови: Сашко Самарџиоски, генерален директор и претседател на УО (дипломиран економист), Панде Самарџиоска, заменик генерален директор (дипломиран технолог), Коста Мијоски (дипломиран електроинженер), Димитар Тодороски (дипломиран технолог), Јане Ангелески (дипломиран електроинженер), Владимир Блажески (дипломиран инженер по информатика), Катерина Митреска (дипломиран економист).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Редакција

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,9 милиони денари

Редакција

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

Редакција