Мој став

Каква е оваа ситуација? Плаќам за телевизија, а не гледам, плаќам парно, а не се греам на него

Сабајлево бев да платам еден куп сметки. Се собрале. Нема простор кога човек ќе се врати од убаво патување да рефрешува убави спомени. Одма си како во песната на Ејми Вајхаус, Back to black (с.п.враќање во црно). Сметките се тука веднаш да те треснат од земја и да те вратат во реалноста.

Fire and Ice: Концертите на Влатко Стефановски беа и оган и мраз

Виртуозниот настап на Васко Атанасовски на саксофон и флејта, ја „мрзнеше“ публиката.Нежните тонови на гитарата на Влатко Стефановски пак, ја „одмрзнуваа“. Звуците на саксофонот носеа во најубавите алпски снежни предели, а гитарата не „префрлаше“ на песочна бела плажа на тиркизно море.Концертот беше едно убаво патување, беа изведени компзиции на саксафонистот и флејтист Васко Атанасовски, словенечки фолклор како и авторски композиции и македонски фолклор од Стефановски.

Политичарите ни го украдоа и викендот: „Бомби“ и митинзи, наместо опуштено неделно попладне

На времето ги гледавме политичарите само на телевизија. И ако не ни се допаѓаше тоа што го слушаме, едноставно го исклучувавме телевизорот. Денес никако не можеш да ги исклучиш политичарите. Секаде ги има. На телевизија, радио, интернет, Фејсбук, билборди, на работа, во продавница, на базен, во парк....

 

Бидете онлајн со .мкд домен

Годинава започна со една новина во IT светот за Македонија. Тоа е пуштање во употреба на кириличниот .мкд домен. Со ова се овозможи појава на Македонски интернет веб страници со кирилично домен име. Македонија и само уште 4 земји во светот (меѓу кои и Србија) добија кириличен домен, поконкретно можност своето кирилично писмо да се употребува низ линковите на интернет мрежата. 

Застрашувачки бројки за рамноправноста на жената

Ако сте мислеле дека жените ја завршиле борбата за рамноправност, бројките и фактите го демантираат тоа. Денеска по повод Денот на жената, по социјалните мрежи се упатија многу честитки, рози, искрени желби, но голем број еманципирани жени, мои пријателки извадија застрашувачки бројки. Ви пренесувам дел од нивните статистички податоци.

Среќен 8-ми Март на „големите“ директорки

Вообичаeно изгледаат средено, бидејќи тоа им е параван зад кој се крие нивната несигурност и немоќ, иако имаат моќ. Ама не со знаење, туку некој им ја дал.Убаво се смеат, се трудат да бидат духовити но на нивните шеги најчесто се смеат сами. Не разбираат интелигентни шеги, па не знаењето и знаењетово овој случај се пата-пата. Тој дисбаланс е пострашен во работата, во која е надредена. А, знаењето е подредено!

 

Туризам в снег

Викендов заедно со други колеги тргнав на работилница во Маврово. Од Скопје тргнавме во 9 часот наутро и со кафе пауза по пат во Маврово требаше да стигнеме околу 11 часот. Арно ама, снегот кој паднал претходниот ден го блокирал пристапот до хотелот Радика, единствениот хотел со пет ѕвезди во овој наш зимски центар. Па наместо кафе пауза, заглавивме на една бензиска станица во Гостивар.

Каде се и што прават државните ревизори?

Државниот завод за ревизија, институција која до пред извесно време речиси секој месец објавуваше ревизорски извештаи за регуларноста во трошењето на парите кај Владата, министерствата, општините, клиниките и други јавни институции во кои во повеќе наврати обелоденија дека незаконски се трошеле пари за проектот Скопје 2014, за различни набавки, за патувања, за дневници како да се претвори во глувонема институција.

 

Февруари 12, 2015 Мој став tstojcevski

(Не)довербата како гума за бришење

Довербата е како гума за бришење. Станува се помала и помала со секоја нова грешка!!! Фантастична мисла која во две просто-проширени реченици ја опишува нашата македонска реалност. Во сите сегменти и пори на општествено живеење. Опишува, каде според мене, „лежи зајакот“ на нашите предизвици.

Февруари 11, 2015 Мој став Никола Осило

Се сеќавате ли кога последен пат министер си дал оставка?

Во светот, па дури и на Балканот редовно се случува одреден министер да си поднесе неотповиклива оставка како чин на морална одговорност доколку има одреден пропуст или несоодветно работење во неговиот ресор кој довел до несакани материјални штети или смртни последици. Верувале или не, кај нас последен пример за ваков чин е од пред дваесетина години, кога Антони Пешев си поднесе оставка по авионските несреќи во 1994 година.