Мој став

За што ја плаќаат тетовчани администрацијата, кога и од ѓубре не може да ги спаси

Проблемот со сметот и отпадот во Тетово, веќе ги има сите елементи, по него да се сними шпанска или турска сапуница. Нема потреба да објаснуваме кој би биле „лошите“ ликови.

Политичарите не научија ништо за хуманоста од Тоше

„Ех, да беше сега тука Тоше. До сега неколку концерти ќе направеше за настраданите во поплавите и секој ден ќе беше таму да помага...„, ми вели една пријателка.

Во поплавените подрачја „свири“ раштиман оркестар

Водата во Стајковци, Инџиково, Сингелиќ и околните села веќе неколку дена не се повлекува. Каналите се полни, шахтите се излеваат, дворовите пливаат во вода.

Живот во виртуелна кутија

Целиот живот, речиси, го живееме „спакувани“ во кутија. Деновиве, еден наш познат новинар, ми ја раскажа својата приказна за животот во кутија. Вети, дека наскоро, ќе Ви ја раскаже и Вам. Реална и болна. Толку сурова што ме натера да размислувам на „боксот“ во кој го минуваме животот.

Поништување на аболицијата на Иванов на рати

Ѓорге Иванов, изгледа конечно целосно се поистоветувал со народот на кого му е претседател, иако „слабо“ го слуша.

Наместо музика, политика: Евровизија е „тотално фејк“

Евровизија ја следам многу одамна. Порано зошто ми беше интересна, а подоцна почнав да ја следам исклучиво како новинар. Дека ретко кога на оваа гламурозна манифестација победувал вистинскиот изведувач и дека во позадина секогаш се некои други игри ми е јасно одамна.

Ќе доживееме ли ден кога вработените во МРТВ ќе штрајкуваат за владина мерка

Кога во соседна Грција се штрајкува нема “трте-мрте“. Се е на нозе и се е блокирано. Штрајкува и вработен и во јавен и во приватен сектор. Граѓаните знаат многу убаво што не им оди во прилог, а многубројните ефикасни синдикати знаат како народот да го изнесат на улица, зошто им веруваат.

Сите очи вперени во претседателот Иванов

Малото затишје во бурната шарена револуција и контрапротестите остави простор за прашањето и што сега?... Ќе има ли притвор за повеќе лица вмешани во аферите што произлегоа од прислушуваните разговори?Ќе има ли правна разврска за овие случаи?Ќе се одржат ли избори на 5 јуни?....

Каде сте бизнисменчиња

Имаат ли македонските бизнисмени став, мислење, решение, за актуелната политичка криза? Знам дека се први пред камерите кога некоја мерка ќе им удри врз џебот или кога ќе мора да делат К-15. Ама сега ги нема.

Да бевме нормална држава, гостувањето на Ник Вујичиќ ќе беше настан број еден за да слушнеме што има да каже

Да бевме нормална држава ко што не сме, гостувањето на Ник Вујичиќ во Скопје ќе беше настан број еден. Зошто, затоа што овој човек со телесен хендикеп, поседува многу повеќе од оние на кои не им фали ништо, освен што имаат ментална хендикепираност да го согледаат истото.