Мој став

Јанева, Гугл, чипка и милион евра

Првото изненадување поврзано со Специјалната обвинителка Катица Јанева, како и многумина, го имав кога за прв пат беше соопштено нејзиното име. Непозната за јавноста, но и за дел од фелата, со искуство од работење на мали случаи. Ја нема дури и на Гугл, а во денешно време ако те нема таму, значи не постоиш.

Септември 29, 2015 Мој став Никола Осило

Како државата набавува таблет-компјутери: За пратениците „бесплатно БМВ“ за студентите ваучер за „евтин велосипед“

Собранието на Република Македонија распиша оглас за набавка на 130 таблет компјутери, проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.180.000 денари или околу 84.000 евра што значи дека за еден таблет се одвоени отприлика 647 евра, сума за која во денешното време може да се набави каков било „ѕвер“ компјутер. Со оглед на тоа што едиствена службена обврска на пратениците е да читаат закони се поставува прашањето што ќе им се толку скапи таблет-комјутери на пратениците?

Државата повеќе ги сака мртвите, отколку живите

Толку мала земја, а толку многу загадена. Не само еколошки. Знаев дека имаме сериозен проблем со загадувањето, но работејќи на серијалот на еМагазин, за 16. еколошки бомби, детектирани пред 10 години, се фрапирав колку всушност мојата земја е загадена. Речиси не постои место кое не е загадено од некоја фабрика, рудник или друг стопански објект.

На сила не направија турбо кич нација: Се затвораат прогресивни клубови, не „бомбардираат“ со турски серии и глупи реални шуоа

По Скопје, кое го изгуби едно од најпрогресивните места во градот, “Сектор 909“, поради како што информираше менаџментот „одредени групации формирани на политичка и бизнис основа, кои прават натчовечки напори за да го задушат и уништат урбаниот ноќен живот во Скопје„, од слични причини, поради бројни инспекции и Штип го загуби познатото „Ангелс кафе“.

Во Македонија повеќе треба да се слави мирот

Мирот е вредност која нема „цена“, иако многу скапо ја плаќаме. Вредност која многу ја посакуваме, но ретко ја практицираме во својата идеална форма. Мирот не подразбира само отсуство на војна и насилство, туку претставува чин на слобода, спокојство, хармонија, љубов, толеранција, доверба, надеж, внатрешно задоволство, почитување, дијалог, разбирање. Мирот подразбира многу повеќе...

Поминаа само 25 години од падот на Берлинскиот ѕид, а Европа гради нови ѕидови

Во ноември, минатата година Германија ја започна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан на кој присуствуваа голем број п

Зошто Гевгеличани да го „јадат“ од мигрантите?

Приказната за бегалците од Сирија е навистина тажна. Секој ден читаме за илјадници мигранти, некогаш учители, професори, доктори, а сега се „тепат“ за место во воз и поминуваат низ мачна човечка голгота, со надеж дека ќе стигнат до ветенета земја каде сигурно нема да бидат тоа што биле, но барем ќе бидат безбедни.

Кој напаѓа граѓани по Скопје?

Наместо да уживаат во прошетката покрај спомениците во центарот на Скопје, на кои државата потроши милиони евра, неколку македонски граѓани од албанската националност во неделата по фудбалскиот натпревар Вардар-Шкупи, кукавички беа нападнати, по се изгледа од тоа што објавија медиумите, организирана група од маскирани напаѓачи. 

Парното и струјата поевтинија во децимали: Мириса на избори

Човек не може да не се израдува кога ќе чуе дека поевтинуваат парното и струјата бидејќи во изминативе години имаше постојано зголемување на сметките за овие режиски трошоци. Сепак, степенот на намалување на цената на парното кое вчера го објави Регулаторната комисија за енергетика, како и тоа дека се зголемува периодот на загревање во текот на денот асоцира на тоа дека всушност граѓаните можат да се надеваат на скромно намалување на сметките за парно.

 <

Хонорарците ќарија од престојните избори, кој е следен?

Џабе беа неколкуте протести и потресните приказни на лицата кои во земјава живеат само од скромните хонорари. Тоа што хонорарците, една од најзагрозените групи во земјава (мислам на тие што чесно и со работа си го заработуваат лебот, а не на тие што по разно разните одбори треба само да дигнат два прста) ги мереа скопските улици и ја убедуваа власта да се предомисли за законските измени и дека тие се неуставни.