Мој став

Што стана со религиските вредности: Политиката и парите ги заробија верските заедници

Последните турбуленции во Исламската верска заедница се само мало парче од мозаикот непромислени акти на поединци и групи во верските заедници во земјава кои во изминативе години наместо да бидат пример за институции кои шират мирољубивост, разбирање и вера во нешто возвишено многу често стануваат организации каде што единствено владеат некакви прикриени политички интереси, а најчесто преовладува борбата за имоти и финансии.

 

Тажно: Бегаат од смртта илјадници километри за да загинат во Велес

Ја чува ли некој македонската граница или е навистина толку лесно да се помине од Грција кон Македонија пеш, со автомобил или со воз? Мигрантите, претежно од Сирија и Авганистан кои од мака веќе подолг период во бранови преминуваат во Македонија на патот кон европските земји покажаа дека во земјава може да влезе кој сака, кога сака. 

Црното сценарио не поминува: Зошто да се плашиме кога сите се дистанцираа од „новата ОНА“?

Ќе преземе ли конечно некој одговорност за нерешените изолирани безбедносни инциденти кои почнаа со гранатирање на зградата на Владата за да завршат со овонеделното мирно и краткотрајно преземање на караулатата во кумановското село Гошинце? Како е возможно после сите овие напади нашите бебедносни структури да немаат осомничени и уапсени?

Лицемерие: Светот ја тера Турција да признае геноцид на Ерменците, а молчи за Македонците од Егејска Македонија

Повеќе земји во светот ја посочуваат Турција како прва земја која извршила геноцид во 20 век врз отоманските Ерменци, а при тоа забораваат на убиствата и депортацијата на Македонците од Егејска Македонија што организирано е спроведувана од Грција со амин на големите сили.

Каква е оваа ситуација? Плаќам за телевизија, а не гледам, плаќам парно, а не се греам на него

Сабајлево бев да платам еден куп сметки. Се собрале. Нема простор кога човек ќе се врати од убаво патување да рефрешува убави спомени. Одма си како во песната на Ејми Вајхаус, Back to black (с.п.враќање во црно). Сметките се тука веднаш да те треснат од земја и да те вратат во реалноста.

Fire and Ice: Концертите на Влатко Стефановски беа и оган и мраз

Виртуозниот настап на Васко Атанасовски на саксофон и флејта, ја „мрзнеше“ публиката.Нежните тонови на гитарата на Влатко Стефановски пак, ја „одмрзнуваа“. Звуците на саксофонот носеа во најубавите алпски снежни предели, а гитарата не „префрлаше“ на песочна бела плажа на тиркизно море.Концертот беше едно убаво патување, беа изведени компзиции на саксафонистот и флејтист Васко Атанасовски, словенечки фолклор како и авторски композиции и македонски фолклор од Стефановски.

Политичарите ни го украдоа и викендот: „Бомби“ и митинзи, наместо опуштено неделно попладне

На времето ги гледавме политичарите само на телевизија. И ако не ни се допаѓаше тоа што го слушаме, едноставно го исклучувавме телевизорот. Денес никако не можеш да ги исклучиш политичарите. Секаде ги има. На телевизија, радио, интернет, Фејсбук, билборди, на работа, во продавница, на базен, во парк....

 

Бидете онлајн со .мкд домен

Годинава започна со една новина во IT светот за Македонија. Тоа е пуштање во употреба на кириличниот .мкд домен. Со ова се овозможи појава на Македонски интернет веб страници со кирилично домен име. Македонија и само уште 4 земји во светот (меѓу кои и Србија) добија кириличен домен, поконкретно можност своето кирилично писмо да се употребува низ линковите на интернет мрежата. 

Застрашувачки бројки за рамноправноста на жената

Ако сте мислеле дека жените ја завршиле борбата за рамноправност, бројките и фактите го демантираат тоа. Денеска по повод Денот на жената, по социјалните мрежи се упатија многу честитки, рози, искрени желби, но голем број еманципирани жени, мои пријателки извадија застрашувачки бројки. Ви пренесувам дел од нивните статистички податоци.

Среќен 8-ми Март на „големите“ директорки

Вообичаeно изгледаат средено, бидејќи тоа им е параван зад кој се крие нивната несигурност и немоќ, иако имаат моќ. Ама не со знаење, туку некој им ја дал.Убаво се смеат, се трудат да бидат духовити но на нивните шеги најчесто се смеат сами. Не разбираат интелигентни шеги, па не знаењето и знаењетово овој случај се пата-пата. Тој дисбаланс е пострашен во работата, во која е надредена. А, знаењето е подредено!